| Macedonian
Мислење
ТУРКИЈЕ
5 мин читање
Образовниот систем на Туркије се спротивставува на глобалниот тренд
Со проширувањето на учеството во образованието, Туркије успеа да пренасочи многу ученици од борба со основни задачи кон демонстрирање на функционално знаење
Образовниот систем на Туркије се спротивставува на глобалниот тренд
Според проценката ПИСА, Туркије сега постигнува резултати над просекот на ОЕЦД во науката и читањето, а блиску до него во математиката / АА

Андреас Шлајхер

Андреас Шлајхер е директор за образование и вештини на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) 

Во време кога образовните перформанси опаѓаат низ поголемиот дел од светот, Туркије се движи во спротивна насока. Проценката ПИСА на ОЕЦД, во која беа тестирани повеќе од 760.000 ученици во 91 земја и економии, покажува дека Туркије е еден од ретките образовни системи што се подобриле во науката, читањето и математиката помеѓу 2022 и 2025 година. 

Спротивно на тоа, просечните перформанси во земјите на ОЕЦД паднаа на рекордно ниски нивоа во сите три предмети.

Туркије сега постигнува резултати над просекот на ОЕЦД во науката и читањето, а блиску до него во математиката. Од 2015 година, уделот на ученици со ниски резултати падна за 25 процентни поени во науката и за 16 процентни поени и во читањето и во математиката. 

Со проширувањето на учеството, Туркије успеа да префрли многу ученици од борба со основни задачи на демонстрирање на функционално знаење. На пример, во науката, 81% од учениците во Туркије сега достигнале барем основно познавање, во споредба со 74% во земјите на ОЕЦД.

Овие успеси делумно произлегуваат од проширувањето на пристапот до образование во Туркије од почетокот на 2000-тите. Учеството во основното и средното образование сега е универзално. 

А образовното ниво кај младите возрасни остро се зголеми: уделот на лица на возраст од 25 до 34 години без квалификација за средно образование падна од 48% во 2015 година на 26% во 2025 година. Ова пошироко учество ги прави подобрувањата во перформансите на Туркије особено значајни. 

Вклучувањето на повеќе ученици во неповолна положба во образованието првично може да изврши притисок врз просечните резултати. Но Туркије ги зголеми просечните перформанси, а воедно го намали уделот на учениците со ниски перформанси. Тоа е значајно достигнување, иако остануваат значителни нееднаквости меѓу учениците и училиштата.

Економскиот развој го движи квалитетот на образованието

Економскиот развој одигра улога. Зголемениот животен стандард ги подобри околностите во кои многу деца растат и учат. И промените во образовната политика исто така беа важни. 

Туркије го продолжи задолжителното образование на 12 години, го прошири капацитетот на училиштата и инвестираше во дигитална инфраструктура. Покрај тоа, реформите во наставните програми ставија поголем акцент на примена на знаењето и решавањето проблеми. 

Туркије, исто така, ја прошири употребата на национални проценки и меѓународни критериуми, вклучително и ПИСA, за да им даде на креаторите на политики појасен увид за тоа каде напредуваат учениците и каде заостануваат.

Она што го прави неодамнешното подобрување на Туркије особено впечатливо е тоа што се совпадна со намалувањето на трошоците за образование во однос на големината на економијата. 

Владините издатоци за основното и високото образование паднаа од 4,1% од БДП во 2015 година на 3,2% во 2023 година. Тоа не значи дека трошоците се неважни, но сугерира дека Туркије ги користела своите ресурси поефикасно.

Туркије, исто така, постигнува релативно силни резултати кај учениците од неповолни средини. Додека речиси една третина од учесниците во ПИСA беа во долниот квартал од меѓународната социоекономска дистрибуција, овие ученици постигнаа просечен резултат по природни науки од 466 поени - еден од највисоките резултати забележани кај учениците од споредливи средини.

Сепак, постојат и некои предизвици. Во 2025 година, 53% од учениците во Туркије изјавиле дека пропуштиле барем еден цел ден од училиште во текот на двете недели пред проценката ПИСA, во споредба со 22% во земјите на OEЦД. 

Околу 32% рекле дека не можеле да работат добро на повеќето или на сите часови по природни науки, во споредба со просекот на OEЦД од 19%. Врсничкото насилство се зголемило помеѓу 2022 и 2025 година, додека извештаите на учениците за редовна семејна поддршка се намалиле. Покрај тоа, 28% од учениците се согласиле дека училиштето било губење време.

Каде е вештачката интелигенција во ученичкиот живот?

Подготовката на учениците за дигиталното доба претставува уште една пречка. Учениците во Туркије постигнале резултати под просекот на OEЦД во решавањето компјутерски проблеми. 

Во исто време, поголем дел од учениците во Туркије користеле чет-ботови со вештачка интелигенција за училишна работа отколку што е просекот на OEЦД: 44% ги користеле за спроведување прелиминарни истражувања и пишување нацрт-задачи. 

Но честото користење на вештачката интелигенција не е исто што и нејзиното добро користење. Еден од следните предизвици на Туркије е да се осигури дека учениците ќе научат да го проценуваат квалитетот на информациите генерирани од вештачка интелигенција, наместо едноставно да ги консумираат.

Туркије покажа дека образовниот систем може да го прошири учеството и да ги подобри перформансите, дури и кога резултатите се влошуваат на меѓународно ниво. Нејзиниот следен тест е различен. Креаторите на политиките треба да го направат образовниот напредок на земјата поширок, подлабок и порамноправен, допирајќи ги учениците кои сè уште отсуствуваат од училиште, имаат проблеми со математиката и се изложени на ризик да останат заостанати. Тоа е предизвик, но сигурен сум дека Туркије ќе успее.

Извор: АА

Забелешка: Ставовите изразени во овој напис му припаѓаат на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на ТРТ Балкан

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн