| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Оваа краткорочна мерка нема да обезбеди значителна финансиска корист за руската влада, која најголемиот дел од своите приходи ги добива од даноците што се пресметуваат на местото на екстракција, вели американскиот секретар за финансии Скот Бесент
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Објавата доаѓа еден ден откако САД соопшти дека ќе ослободат 172 милиони барели нафта од своите стратешки резерви на нафта / AP
13 март 2026

Соединетите Американски Држави издадоа 30-дневна дозвола за купување руска сурова нафта и нафтени деривати што моментално се чуваат на море, што, според американскиот секретар за финансии Скот Бесент, е чекор кон стабилизирање на глобалните енергетски пазари погодени од војната со Иран.

Одлуката на САД, објавена синоќа, доаѓа неколку часа откако референтните цени на нафтата се искачија над 100 долари за барел, што е највисоко ниво во последните четири години.

Според, Бесент ваквиот потег нема да обезбеди значителна финансиска корист за руската влада, која средствата од продажба на нафта и гас ги користи за финансирање на агресијата врз Украина.

„Оваа тесно прилагодена, краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди значителна финансиска корист за руската влада, која најголемиот дел од своите приходи од енергија ги добива од даноците што се пресметуваат на местото на екстракција“, вели американскиот секретар за финансии.

Објавата доаѓа еден ден откако Секретаријатот за енергетика на САД соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе ослободат 172 милиони барели нафта од своите стратешки резерви на нафта во обид да ги ограничат зголемените цени на нафтата поради војната во Иран.

Станува збор за дел од пошироката обврска на Меѓународната агенција за енергетика, која брои 32 земји, да ослободи 400 милиони барели нафта од своите резерви.

Дозволата од четврток, која овозможува испорака и продажба на руска сурова нафта и нафтени производи натоварени на бродови од 12 март, ќе остане важечка до полноќ на 11 април, според Вашингтонско време, се наведува во текстот објавен на веб-страницата на американскиот секретаријат за финасии.

Америнаската администрација претходно на 5 март издаде 30-дневно ослободување наменето само за Индија, со што му дозволи на Њу Делхи да купува руска нафта што се чува на море.

Нападите на САД и Израел врз Иран и последователниот одговор на Техеран ги ескалираа регионалните тензии и го парализираа превозот низ Ормутскиот теснец, нарушувајќи ги виталните текови на нафта и гас на Блискиот Исток, зголемувајќи ги цените на енергенсите на светските пазари.

Повеќе
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Израелската армија ги предупреди жителите на Јужен Либан да ги избегнуваат пограничните области
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај
Морнарицата на САД вратила 14 бродови во првите 72 часа од блокадата на иранските пристаништа
Најмалку 16 загинати лица во руските ракетни напади врз украински градови
Европа има гориво за авиони за само шест недели, предупреди Меѓународната агенција за енергија
Стармер ги повика лидерите на социјалните мрежи да се залагаат за поголема безбедност на децата
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Затворениот палестински лидер Баргути се соочува со „брутални“ напади во израелските затвори
Деветмина загинаа во израелски напади во јужен Либан
Најмалку 17 лица убиени во новите израелски воздушни напади во јужен Либан
Европа се стреми кон намалување на побарувачката на енергија во услови на вртоглав раст на цените
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Нетанјаху вели дека Европа има „многу да научи“ од Израел за „доброто и злото“
Францускиот производител на цемент Лафарж прогласен за виновен за финансирање на Даеш во Сирија
Пилотите на Луфтханза започнаа 48-часовен штрајк
Туркије предупреди против воени решенија за тензиите во Ормускиот Теснец, повика на мировен пристап