| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Евробаскет: БиХ, Србија, Словенија и Туркије се пласираа во осминафиналето
Во осминафиналето на Евробаскетот во Рига, Латвија, ќе се играат дуелите меѓу Туркије-Шведска, Германија-Португалија, Литванија-Литванија, Србија-Финска, Босна и Херцеговина-Полска, Италија-Словенија, Франција-Грузија и Грција-Израел
Евробаскет: БиХ, Србија, Словенија и Туркије се пласираа во осминафиналето
Грција со 90:86 ја победи Шпанија, актуелниот европски шампион и ја исфрли од турнирот / Reuters

Вчерашните натпревари од петтото коло во групите „Ц“ и „Д“ ја заокружија групната фаза на Европското првенство во кошарка, која беше обележана со елиминацијата на бранителот на титулата Шпанија, очекуваните добри игри на Туркије, Србија, Германија, Грција, Франција и борбените игри и подвизи на репрезентациите на Босна и Херцеговина и Португалија.

Во осминафиналето на Евробаскетот во Рига, Латвија, ќе се играат дуелите меѓу Туркије-Шведска, Германија-Португалија, Литванија-Литванија, Србија-Финска, Босна и Херцеговина-Полска, Италија-Словенија, Франција-Грузија и Грција-Израел.

Словенија го победи Израел со 106:96 во натпреварот од Групата Д во четврток, а Лука Дончиќ повторно одигра брилијантно со 27 поени, 11 скока и девет асистенции.

Французите беа за класа подобри од Исланѓаните со неверојатни 114:74, а за силата на „триколорите“ сведочи фактот дека девет кошаркари имаа двоцифрен број поени. Полска претрпе пораз од Белгија во оваа група (69:70), но претходно обезбеди место во следната рунда.

Босанските кошаркари ја победија Грузија со 84:76 и по повеќе од две децении, изборија место меѓу првите 16 во Европа. Во истата Група Ц, Италија беше пресилна за домаќините и аутсајдерите Кипар и ги победи со 89:54.

Грција ја победи Шпанија со 90:86, со што го прекина настапот на Шпанија како актуелен европски шампион. Кај Грците се врати Јанис Антетокумпо, кој имаше 25 поени, 14 скока и девет асистенции.

Натпреварите од осминафиналето на Евробаскетот се закажани за следниот викенд, а големото финале е закажано за 14 септември.

Повеќе
Рејтингот на одобрување на јужнокорејскиот претседател падна на рекордно ниско ниво
Над 1,5 милиони луѓе евакуирани поради тајфунот „Делфин“ што ја погоди источна Кина
Десетина загинати во ноќните напади со дронови меѓу Русија и Украина
Фидан: Договорот за заедничка одбрана од Мека технички е ист како членот 5 на НАТО
Американски сенатор: Трамп ја загуби војната со Иран
Ефтимов: Упадот на дронот не е намерна воена акција против Бугарија
ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години
Седум Палестинци повредени од израелски оган низ Газа и покрај примирјето
САД ја потврдуваат поддршката за Јемен додека се засилуваат конфликтите со Хутите
Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
Пораснаа цените на нафтата по новите услови на Иран за Ормутскиот Теснец
Албанија ја потврди поддршката за суверенитетот на Косово по изјавите на Зеленски
Вучиќ најави отворање фабрика за дронови со Израелците во средината на септември
Анкара: Туристичката рамка на Грција нема правни последици за Туркије
Дизни и ТикТок потпишаа глобален договор за споделување содржини за видеа на креаторите