| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Федерика Могерини приведена во рамки на истрага за можна измама при користење на средства на ЕУ
Истрагата се однесува на доделувањето на деветмесечна програма за обука за идни европски дипломати од страна на Европската служба за надворешна акција на престижниот Колеџ на Европа.
Федерика Могерини приведена во рамки на истрага за можна измама при користење на средства на ЕУ
FILE PHOTO: Former European Union VIce Presiden and High Representative for Foreign Affairs and Security Policy Federica Mogherini / Reuters

Директорката на Колеџот на Европа и поранешна висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, беше приведена денеска како дел од истрага за можна измама при користењето на средствата на Европската Унија.

Како што објавува „Бриселс тајмс“ во рамии на истрагата се приведени три лица во Бриж и Брисел. Приведен е и Стефано Санино, директор на Директоратот на Европската комисија за Блискиот исток, Северна Африка и Персискиот залив.

Како што е наведено, Могерини моментално е во полициски притвор.

Според Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител, овие притворања се дел од истрага за сомнение за фаворизирање и нелојална конкуренција.

На барање на обвинителството, федералната полиција интервенираше во дипломатската служба на Европската Унија во Брисел (ЕЕСА), во неколку згради на Колеџот на Европа во Бриж и во домовите на осомничените.

Истрагата се однесува на доделувањето на деветмесечна програма за обука за идни европски дипломати од страна на Европската служба за надворешна акција на престижниот Колеџ на Европа.

Наводните прекршоци датираат од периодот 2021-2022 година.

Како што е наведено, потенцијалните прекршоци вклучуваат „измама при доделување јавни договори“, како и „корупција, судир на интереси и кршење на професионална тајна“.

Колеџот на Европа е високообразовна институција која обучува многу европски државни службеници, а истражителите се обидуваат да утврдат „дали Колеџот на Европа или неговите претставници биле однапред информирани за критериумите за избор“ како дел од тендерската постапка што ја започна дипломатската служба на ЕУ за програмата за обука.

Повеќе
Исланд: Референдум за продолжување на преговорите за членство во ЕУ
ЕУ ѝ одобри 6,1 милијарди евра на Украина за набавка на системи за воздушна и ракетна одбрана
Цените на нафтата паднаа додека пазарите чекаат нови американски санкции за Иран
Сирија и Израел одржуваат разговори со посредство на САД во Јордан за да се постигне деескалација
Израел продолжува да убива Палестинци во Газа и покрај договорот за прекин на огнот
САД прогласија „економски ден Д“ против Иран, додека притисокот се интензивира
Албанезе повикува на „меѓународно присуство за заштита“ низ окупираната Палестина
Унал Устел: Жалбата на кипарските Грци во ОН за гасоводот со Туркије е контрадикторна
САД воведоа нови царини за Канада, Отава ќе возврати
Ко-лидерката на АфД повика Германија да ги напушти еврото и Шенген
Зеленски: Крајот на 2026 и летото 2027 се реален период за мировен договор за Украина
Иран: Американската „економска војна“ е повторливото сценарио со кое знаеме да се соочиме
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради прекршување на приватноста на деца
Ископувањата во античкиот град Родијаполис во јужна Туркије продолжуваат