| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Бурнам: Брегзит направи повеќе штета отколку корист
Велика Британија не може да го има јасниот пат што ни е потребен до крајот на овој век без одлука за нејзините идни односи со ЕУ, рече премиерот Бурнам, која ја опиша унијата како сè уште најголем британски пазар
Бурнам: Брегзит направи повеќе штета отколку корист
Велика Британија ја напушти ЕУ во 2020 година, четири години по референдумот на кој околу 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање

Британскиот премиер Енди Бурнам изјави дека ќе ѝ претстави на јавноста различни опции за долгорочните односи на Велика Британија со Европската Унија, оценувајќи дека Брегзит направил повеќе штета отколку корист.

Зборувајќи на годишната конференција на Лабуристичката партија во Ливерпул, Бурнам рече дека „Велика Британија не може да го има јасниот пат што ни е потребен до крајот на овој век без одлука за нејзините идни односи со ЕУ“, која ја опиша како сè уште најголем пазар на Велика Британија.

Велика Британија ја напушти ЕУ во 2020 година, четири години по референдумот на кој околу 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање.

Британскиот премиер рече дека ќе ја искористи можноста околу самитот за да ги претстави опциите што ги има Велика Британија.

„Постојат различни опции и ќе видам дали можеме да постигнеме консензус за една од нив, што ќе ни даде јасност за тоа каде се наоѓаме и за иднината на континентот на кој живееме“, рече тој.

Бурнам, исто така, објави дека следниот изборен манифест на Лабуристичката партија ќе вклучува обврска за промена на изборниот систем во Велика Британија.

Тој рече дека формира нова национална комисија за реформа на изборниот систем и ги повика сите политички партии да учествуваат во нејзината работа.

„Гласавте двапати во претходните години за да ја поддржите изборната реформа. Ве слушам, се согласувам со вас“, рече Барнам.

„Ќе влеземе на следните избори со обврска во манифестот да го промениме изборниот систем, така што гласот на сите ќе се смета и гласот на сите ќе се чуе“, додаде тој.

Повеќе
Сали: Проширувањето на ЕУ да биде праведно и предвидливо
Бразил: Лула ја зголемува предноста пред Флавио Болсонаро во првиот круг
Медиуми: Трамп подготвен да ги ублажи санкциите врз Иран за договор за нуклеарната програма
Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е тест за капацитетот да дејствува стратегиски
Кина очекува следниот ген-сек на ОН да биде „компетентен, непристрасен и праведен“
Гаши ја предводи собраниската делегација во посета на Саудиска Арабија
Двајца загинати во Киев по руските напади, меѓу кои и државјанин на Азербејџан
Сирија разби ќелија на ИСИС (Даеш) која подготвувала бомбашки напади
Четворица Палестинци загинаа во израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Осум американски маринци повредени во Ормутскиот Теснец
Трамп по самитот со Ши: Постигнавме огромен напредок со Кина
Александар Вучиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Србија пред предвремените избори
Поблиските врски меѓу Канада и ЕУ можност за создавање на нов геополитички блок?
По „повикот за будење“: Дали може да заживее безбедносна рамка меѓу земјите од Заливот и Иран
Лула, Болсонаро и поделениот Бразил: Тесна трка со влогови надвор од неговите граници
Зелената индустрија станува најпрактичниот облик на отпорност на Блискиот Исток
Асоцијативно членство на Канада во ЕУ: Нова можност или правно и политичко минско поле?
Дали ЕУ ги поткопува сопствените санкции против Русија?
Делегации од 77 земји протестираа за време на обраќањето на Нетанјаху пред ОН
Трамп ги повика земјите да го напуштат МКС, за Кошта неприфатливи нападите кон судот