| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни.
Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти / AA

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година - покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. Домаќинствата од Југозападниот Регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 кубни,метри, а во Вардарскиот Регион е најголема со 15,10 кубни метри.

РКЕ информира дека фактурираната количина вода во 2025 година изнесува 36,95 проценти и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79 проценти).

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападниот Регион од 73 проценти, а најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен Регион - 47,88 проценти.

Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година, при што најголема покриеност има во Источниот Регион со 92,58 проценти, а најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3 проценти е регистриран во Југоисточниот Регион  и изнесува 87,50 проценти. Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното присоединување кон големата градска мрежа. 

- РКЕ во 2025 година има донесено 34 решенија за утврдување тарифи (опсег) за снабдување со вода за пиење, кои потоа ги одобрува советот на соодветните општини и девет конечни регулаторни тарифи, што се обврзувачки за примена и се донесени откога советот не го прифатил предложениот опсег на цени - се вели во соопштението.

Повеќе
Мерц побара од лидерите на ЕУ Украина да добие статус на придружна членка
Кина и САД заеднички решаваат случај на транснационална трговија со дрога
Хезболах: Извршени 24 операции против израелските сили
Иран: Предлогот на САД доставен преку Пакистан се разгледува
Ердоган го поздрави продолжувањето на примирјето во Иран во телефонскиот разговор со Трамп
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Израел е еден чекор поблиску до предвремени избори
Фон дер Лајен: Единствениот ЕУ пазар треба да се прилагоди на денешните предизвици
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро
Бен-Гвир објави видео од приведени активисти на флотилата Сумуд принудени да клечат
САД и Израел сакале да го доведат поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад на власт по нападите
Трамп и Нетанјаху имале „драматичен“ разговор за Иран, тврдат израелски медиуми
Иран предупредува: Новиот американско-израелски напад ќе го прошири конфликтот надвор од регионот
Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Шведска пред самитот во Анкара
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот