| Macedonian
Нвидиа ќе ја купи платформата за развивачи на ВИ Хагинг Фејс за речиси 13 милијрди долари
Основачот и извршен директор на Нвидиа, Јенсен Хуанг нагласи дека Хагинг Фејс ќе остане отворена платформа за целиот екосистем на вештачка интелигенција
Нвидиа ќе ја купи платформата за развивачи на ВИ Хагинг Фејс за речиси 13 милијрди долари
Заедно, ќе ја зголемиме платформата на Хагинг Фејс, ќе ја зајакнеме нејзината инфраструктура и ќе го прошириме пристапот

Американскиот производител на чипови Нвидиа (NVIDIA) се согласи да ја купи платформата за развивачи на вештачка интелигенција Хагинг Фејс (Hugging Face) за околу 12,9 милијарди долари, објави неговиот основач и извршен директор во четврток.

„Возбуден сум што објавувам дека Нвидиа се согласи да ја купи Хагинг Фејс за 12.930.300.000 долари“, рече Јенсен Хуанг во соопштението.

Истакнувајќи дека повеќе од 18 милиони развивачи, истражувачи и креатори го користат Хагинг Фејс за да споделат повеќе од три милиони модели, 500.000 збирки податоци и еден милион апликации, Хуанг рече дека повеќе од 200.000 компании ја користат платформата за откривање, оценување, прилагодување и распоредување на вештачката интелигенција.

„Заедно, ќе ја зголемиме платформата на Хагинг Фејс, ќе ја зајакнеме нејзината инфраструктура и ќе го прошириме пристапот до вештачка интелигенција за развивачи и институции ширум светот“, додаде тој.

Хуанг, исто така, нагласи дека Хагинг Фејс ќе остане отворена платформа за целиот екосистем на вештачка интелигенција, додавајќи дека нема да биде потребно пресметувањето на Нвидиа за да се гради или распоредува преку платформата.

Хагинг Фејс е централен јазол и платформа со отворен код која е домаќин на модели за вештачка интелигенција и машинско учење, бази на податоци и интерактивни веб-демонстрации. Сличен е на ГитХуб (GitHub), но наместо општ софтверски код, складира средства за машинско учење.

Повеќе
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија