| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
„Туркије е подготвена да ги сподели со Либан своето искуство, знаење и капацитети во енергетскиот сектор и дополнително да ја зајакне енергетската соработка меѓу нашите земји...“
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас / َAA

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар разговараше со либанскиот министер за енергетика и води Џозеф Сади за зајакнување на поврзаноста во областа на електричната енергија, нафтата и природниот гас, како и за проширување на сеопфатната енергетска соработка меѓу двете земји.

Бајрактар во објава на американската платформа за социјални медиуми X наведе дека во Министерството се сретнал со Сади и делегацијата што го придружувала.

Двајцата министри сеопфатно разговарале за зајакнување на регионалната поврзаност во областа на електричната енергија, природниот гас и нафтата, како и за потенцијалните проекти за соработка во секторите на нафтата и природниот гас.

„Туркије е подготвена да ги сподели со Либан своето искуство, знаење и капацитети во енергетскиот сектор и дополнително да ја зајакне енергетската соработка меѓу нашите земји преку проекти што ќе ги развиваме врз основа на заемна корист“, рече Бајрактар.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија