САД извршија напади врз три бродови во Источен Пацифик

Јужната команда на САД соопшти дека во нападите загинале најмалку осум „наркотерористи“

By
Најмалку 90 наводни шверцери на дрога се убиени досега во американските напади врз бродови во близина на Венецуела / Reuters

Јужната команда на САД соопшти дека извршила воздуѓни напади врз три брода во Источен Пацифик, при што загинале осум лица.

„На 15 декември, по наредба на министерот за војна Пит Хегсет, Заедничката работна група Јужно копје (Southern Spear) изврши смртоносни воздушни напади врз три брода управувани од назначени терористички организации во меѓународни води“, соопшти Јужната команда на САД во понеделник на X.

„Разузнавањето потврди дека бродовите транзитирале по познати рути за трговија со дрога во Источен Пацифик и биле вклучени во трговија со дрога.“

Јужната команда потврди дека во нападите се убиени вкупно осум „наркотерористи“.

Соединетите Американски Држави нападнаа повеќе од 20 брода во Тихиот Океан и Карипското Море во близина на Венецуела, како дел од воената кампања што претседателот Доналд Трамп ја започна против шверцот со дрога од регионот.

Најмалку 90 наводни шверцери на дрога се убиени во тој процес.