Ердоган: Туркије го смета дигиталниот суверенитет за неразделен дел од националната безбедност
Туркије сега дизајнира сопствена технологија, произведува сопствен софтвер и ги извезува своите производи во целиот свет“, рече Ердоган во обраќањето на церемонијата за новото турско беспилотно поморско возило „Санџар”
Туркије го смета дигиталниот суверенитет во одбранбениот сектор како неразделен дел од својата национална безбедност, изјави денеска претседателот Ердоган.
„Туркије сега дизајнира сопствена технологија, произведува сопствен софтвер и ги извезува своите производи во целиот свет“, рече Ердоган во обраќањето на церемонијата за новото турско беспилотно поморско возило „Санџар” и додаде “Санџар ги подобрува нашите беспилотни способности на море, зголемувајќи ја нашата безбедност, ефикасност и капацитет за надзор“.
Санџар е развиен од турската одбранбена фирма Хавелсан и бродоградилиштето Јонџа за потребите на современите морнарици. Тоа се првите беспилотни поморски возила што Хавелсан ги развил користејќи го ADVENT ROTA (Интегриран систем за управување со борбени дејствија со поддржана мрежа) како систем на мисија.
За време на церемонијата беа отворени и новите објекти на Хавелсан.
Ердоган нагласи дека инвестициите на Хавелсан се продолжение на стратешките потези што ќе го подобрат сеопфатниот капацитет и влијанието на турскиот одбранбен екосистем.
Кога ќе биде завршен, комплексот на Хавелсан ќе биде најголемиот производствен и интеграциски објект во Европа за симулациски технологии, додаде тој.
Ердоган рече дека една земја не може да зборува за безбедна иднина ако нејзиниот софтвер не е национален, бидејќи целосната независност не може да се разгледува одвоено од технолошката независност.
Тој додаде дека Туркије сега применува модел на откривање, дијагностицирање и напад користејќи ја својата локална и национална технологија.