ОН: Да сопрат нападите врз комерцијални бродови во Црното Море

„Повторуваме дека нападите врз цивили, цивилна инфраструктура, вклучително и енергетска инфраструктура, се забранети според меѓународното право, каде и да се случуваат“, изјави портпаролот Стефан Дужарик.

By
ОН: Да сопрат нападите врз комерцијални бродови во Црното Море / AP

Обединетите нации (ОН) повикаа на деескалација во Црното Море по нападите врз комерцијални бродови минатата недела, јавува Анадолу.

„Повторуваме дека нападите врз цивили, цивилна инфраструктура, вклучително и енергетска инфраструктура, се забранети според меѓународното право, каде и да се случуваат“, изјави портпаролот Стефан Дужарик.

Повиците дојдоа откако два празни танкери за нафта, КАИРОС и ВИРАТ, пријавија експлозии и избувнување пожар додека пловеа недалеку од брегот на Туркије кон руското пристаниште Новоросијск.

Дужарик рече дека ОН повикуваат на деескалација и ја повтори својата поддршка за „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“ што би можело да го отвори патот за траен мир.

Москва во неделата официјално ја обвини Украина за нападите врз комерцијалните бродови.