| Macedonian
Ново поскапување на нафтата поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран
Цената на глобалната референтна нафта Брент се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари за барел, додека цената на американската референтна нафта Вест Тексас Интермедиејд (ВТИ) се зголеми за 2,23% на 96.486 долари
Ново поскапување на нафтата поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран
Инвестициската банка Голдман Сакс очекува во последниот квартал од годинава цената на нафтата од типот Брент да достигне просек од 90 долари за барел / Reuters

Цените на нафтата се зголемија откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно застанаа.

Цената на глобалната референтна нафта Брент се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари за барел, додека цената на американската референтна нафта Вест Тексас Интермедиејд (ВТИ) се зголеми за 2,23% на 96.486 долари.

Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека Вашингтон ги откажал плановите за испраќање тим во Пакистан за преговори со нивните ирански колеги.

Глобалните резерви на енергија се под силен притисок од почетокот на војната во Иран, бидејќи клучниот воден пат Ормуски Теснец е ефикасно затворен од конфликтот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Арагчи, изјави во неделата дека се во тек „важни дискусии за билатерални прашања и регионални случувања“ со Оман, неговиот сосед по должината на теснецот.

Инвестициската банка „Голдман Сакс повторно ја ревидираше својата прогноза за цените на нафтата, при што очекува во последниот квартал од 2026 година цената на нафтата од типот Брент да достигне просек од 90 долари за барел, додека американската ВТИ да изнесува околу 83 долари за барел.

Повеќе
Каш нуди повеќе од бегство на море во Туркије
Како Белгија го разоткри тајниот британски канал за снабдување на Израел со оружје
САД со сè помалку воени залихи: Колку е сериозен проблемот?
ЕУ поделена околу суспендирањето на договорот со Израел: кој е на која страна?
Зошто Израел е сè уште надвор од преговарачката маса во преговорите со Иран?
Доктори од „8 Септември“ и Клиниката за дерматологија меѓу уапсените за шверц на ботокс
Фидан: Забелешките на Урсула фон дер Лајен за Туркије се „несреќни“
Двајца Срби обвинети за убиство на полицаец во косовското село Бањска осудени на доживотен затвор
Како Туркије изгради самостојност за керозин за да избегне глобална криза во време на војна
Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи ќе патува во Исламабад, Мускат и Москва
Турскиoт Бајкар ги претстави домашните беспилотни летала со ВИ од следната генерација
Мелони: Тензиите меѓу САД и Шпанија околу НАТО не се „позитивни“
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници во Скопје
Сирија објави апсење на клучен офицер од времето на Асад во озлогласениот масакр во Тадамон од 2013
Србија подготвена за воена служба, регрутација од септември