60 годишниот Бошко Илиев препливал 182 маратони
СПОРТ
2 мин читање
60 годишниот Бошко Илиев препливал 182 маратониЉубовта кон маратонското пливање датира од 2001 година. Тогаш го препливал првиот маратон Пештани – Охрид. Тој има мисија да обедини 30 маратони на македонските природни езера и вештачки акумулации. Бошко е освојувач на бројни медали и плакети.
Бошко Илиев маратонски пливач

182 маратони во за дваесет и пет години во петнаесетина држави.Ова е постигнувањето на Бошко Илиев, 60 годишен специјалист по спортска медицина и маратонски пливач од Кавадарци. Љубовта кон маратонското пливање датира од 2001 година. Тогаш го препливал првиот маратон Пештани – Охрид.

„На релација од 11,5 километри во придружба на мојот пријател Дики Бојаџи којшто многу го почитувам. Траеше пет часа и 20 минути” вели Бошко за ТРТ Балкан.

Тој има мисија да обедини 30 маратони на македонските природни езера и вештачки акумулации. Досега има испливано 23. Тиквешкото езеро го има испливано безброј пати. Најдолгата релација на која пливал на ова езеро е 13 километри.

„За мене пливањето е повеќе од спорт, повеќе од љубов. Да кажам опсесија. Се додека можам да го правам тоа, се додека можам да ги поднесувам тие напори и да ги остварувам тие временски лимити, секој маратон си има временски лимит, ќе го правам ова”, вели Илиев.

Бошко е освојувач на бројни медали и плакети. Условите за пливање на патеките не му биле секогаш наклонети.

Еден од потешките беше Струга – Охрид каде што времето беше малку и непожелно во текот на пливањето. Потоа некои морски маратони. Исто така и некои далечни на пример препливувањето на Сава 19 километри. Каде што не е баш едноставно. Имало и потешки маратони со бранови. Еден таков потежок е Сутоморе-Бар каде што беше исто неповолно времето. Минатата година имаше ден многу тежок маратон во Грција на Олимпијада каде времето се смени многу брзо. За пет минути се појавија големи бранови. Значи навистина ризично”, раскажува Бошко.

Целта му е да го промовира пливањето и запознавање на младите со природните убавини на државата.

Ние имаме навистина ретки езера иако се вештачки акумулации кои се убави, прекрасни, со една инфраструктура со околина што треба да се запознае и да ги користиме и како спортски дестинации за пливање, но и како туристички дестинации и промовирање на нашите туристички места”, вели Бошко.

 

Повеќе
Еден од преживеаните од обидот за пуч во Туркије живее со 20 парчиња шрапнел во телото една деценија
Мајка на турски полицаец убиен за време на обидот за пуч во 2016 година: Тагата сè уште е свежа
Радев: На Бугарија „не ѝ е место“ во Коалицијата на волните за Украина
„Нема повлекување“: ТРСК го отфрла „кипарското решение“ на претставникот на ОН, Холгин
Унгарскиот Парламент усвои амандман за смена на претседателот на државата
Поддршката на турската демократија по неуспешниот обид за државен удар во 2016 г. „беше многу важна“
Туркије: Над 600 интелектуалци создадоа Мапа на патот за решавање на клучните општествени проблеми
Албанија ќе ги затвори првите три поглавја во преговорите за членство во ЕУ
Ахмадинеџад ги негира наводите за контакти со Мосад
Кина: САД и Иран да се воздржат од обнова на војната
Танкерскиот превоз во Ормутскиот Теснец речиси целосно сопрен
Ѓуриќ: Србија и САД започнуваат стратешки дијалог, првата седница во петок
Агент на ИЦЕ смртно застрела осомничен при рација во Мејн
Воздушната одбрана на Јордан пресретна четири ракети испукани од Иран
Четири лица повредени во американски напад врз Иран