| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Зеленски го разреши главниот обвинител
Кравченко на 7 септември поднел оставка во период кога против него се воделе истраги од украинските антикорупциски институции, а тој претходно соопшти дека потпишал налог за истрага против директорот на Националното антикорупциско биро
Зеленски го разреши главниот обвинител
Зеленски побара од украинскиот парламент итно да ја прифати оставката на Кравченко

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Руслан Кравченко од функцијата главен обвинител на Украина, според објавениот претседателски указ, објави „Еуроњуз“.

„Да се ​​разреши Руслан Андријович Кравченко од функцијата главен обвинител“, се наведува во документот.

Оваа одлука е донесена во согласност со член 11, став 2 од Законот на Украина „За правниот режим на воената состојба“.

Имено, за време на воена состојба, шефот на државата може да одлучи да ги разреши функционерите чие именување и разрешување се во негова надлежност и да ги довери тие должности на друго лице за соодветниот период.

Одлуката следува откако Кравченко на 7 септември поднел оставка во период кога против него се воделе истраги од украинските антикорупциски институции. Кравченко претходно соопшти дека потпишал налог за истрага против директорот на Националното антикорупциско биро на Украина, Семен Кривонос.

Тој ги обвини антикорупциското биро НАБУ и Специјализираното антикорупциско обвинителство дека незаконски одзеле материјали од предмети против нивни вработени, со цел, како што тврди, да спречат натамошни постапки.

Дополнително внимание предизвика информацијата дека Кравченко ноќта меѓу 13 и 14 септември ја напуштил Украина со службено возило, при што тој тврди дека станува збор за службено патување во Париз.

Според медиумските извештаи, неговото име не се наоѓа на официјалниот список на учесници на собирот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за кој навел дека патува.

Зеленски побара од украинскиот парламент итно да ја прифати оставката на Кравченко, а предлогот за негово разрешување веќе добил поддршка од надлежната парламентарна комисија.

Повеќе
До десет години затвор во Европа за трговија со израелски населби
Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Транспортерите од Западен Балкан ги одложија најавените гранични блокади
Песков: Нестабилноста во Заливот ја влошува состојбата на глобалниот пазар на нафта
Шкотска, Северна Ирска и Велс потпишаа декларација за самоопределување
Познатиот претседателски центар „Кенеди“ е пред банкрот
ОАЕ: Двајца војници загинаа при обука во земјата
Калас: Русија има цел да ги исплаши западните земји по нападот врз патнички воз
Туркије меѓу најпопуларните дестинации надвор од ЕУ за европските патници во 2024 година
Двајца Палестинци убиени во најновите израелски напади во Газа
Хималаите се приближуваат кон критична точка бидејќи глечерите се топат побрзо
Кина отвори ДНК-механизам и линија за исчезнатите во катастрофата меѓу Непал и Тибет
Ликуд презема чекори за исклучување на две арапски партии од октомвриските избори за Кнесетот
Кац: Ќе го елиминираме секој што ќе се приближи до гребенот Али ал-Тахер во јужен Либан
Шведската левица води со три места во тесна изборна трка