Бројот на жртви во протестите во Иран достигна 2.677: Група за човекови права

Најмалку 19.907 лица се приведени поради протестите, вели новинска агенција „Активисти за човекови права“ со седиште во САД

By
Бројот на жртви во протестите во Иран достигна 2.677: Група за човекови права / AA

Група за човекови права со седиште во САД во четврток соопшти дека бројот на жртви во протестите во Иран достигна 2.677.

Тековните протести, предизвикани од незадоволството од економските услови, доведоа и до притворање на 19.097 лица, соопшти новинската агенција „Активисти за човекови права“.

Во судирите што избувнаа за време на протестите, 2.677 лица ги загубија животите, соопшти таа.

Иранските власти досега не дадоа никакви изјави за вкупниот број на убиени или повредени лица за време на протестите.

Протестите започнаа на 28 декември во главниот град Техеран, кога дуќанџиите, трговците и сопствениците на мали бизниси организираа штрајкови и демонстрации во знак на протест против зголемената инфлација, падот на ријалот и влошувањето на економските услови.

Демонстрациите оттогаш се проширија во повеќе градови и ескалираа во антивладини изрази на незадоволство во кои беа вклучени работници, студенти и други.