| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Туркије ги отфрла грчките поморски карти поради кршење на меѓународното право
Картите што прикажуваат непостоечки, имагинарни поморски граници меѓу Туркије и Грција во Егејското и Медитеранското Море и кои ги кршат областите на турската поморска надлежност, немаат правна важност, соопшти турското МНР
Туркије ги отфрла грчките поморски карти поради кршење на меѓународното право
Министерството ја потврди посветеноста за решавање на споровите со Грција во согласност со меѓународното право, еднаквоста и добрососедските односи / AA

Туркије изјави дека Грција воспоставила зони за забрана за риболов во области каде што нема надлежност во Егејското и Источното Медитеранско Море, нарекувајќи го потегот кршење на меѓународното право.

Во писмена изјава во вторник, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека утврдило дека Дирекцијата за следење на рибарството на Грција објавила карти на својата официјална веб-страница, со кои се означуваат ограничени риболовни области надвор од нејзината надлежност.

„Картите што прикажуваат непостоечки, имагинарни поморски граници меѓу Туркије и Грција во Егејското и Медитеранското Море и кои ги кршат областите на турската поморска надлежност, немаат правна важност“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека Туркије ги смета сите незаконски ограничувања за риболов наметнати од Грција во области надвор од нејзините територијални води од 6 наутички милји за неважечки, вклучувајќи ги и зоните надвор од нејзината надлежност и во меѓународните води.

„Туркије нема да прифати никакви еднострани и незаконски мерки што можат да ги ограничат легитимните активности на турските рибари врз основа на меѓународното право и историските права“, се вели во соопштението.

Министерството ја потврди посветеноста на Туркије за решавање на споровите со Грција во согласност со меѓународното право, еднаквоста и добрососедските односи, осврнувајќи се на Атинската декларација за пријателски односи и добрососедство потпишана на 7 декември 2023 година.

Повеќе
Ердоган: Туркије продолжува со напорите за отворање пат за мир низ регионите
Во Истанбул се отвори самитот „GO Global Türkiye“
Туркије и Канада воспоставувија стратешко партнерство
Карни: Врските на Канада и Туркије ќе се развиваат со генерации
Ердоган: Туркије и Канада ќе започнат разговори за слободна трговија пред крајот на годината
Во Истанбул започна 19-тиот Евроазиски економски форум „Верона“
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони
Канадскиот премиер Карни утре и задутре во посета на Туркије на покана на Ердоган
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Либискиот Парламент го одобри поморскиот договор со Туркије, поништувајќи ја претходната одлука
Фидан и шефот на НАТО, Руте, разговараа во Брисел за безбедноста во Црното Море
Аеродромот Истанбул избран за „Најдобар во светот“
Туркије, Катар, Пакистан и Индонезија ќе потпишат договор за одбранбена индустрија
Туркије почна голем проект за податочни центри- чекор кон создавање регионален дигитален центар
Ердоган: Туркије остана надвор од регионалните конфликти
Куртулмуш: Mеѓународната заедница да дејствува против израелските прекршувања на меѓународнoто право