| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
За катастрофалниот пожар во Пулс обвинети и 23 полицајци
Според ОЈО, 13 полициски службеници се товарат за тешки дела против општата сигурност бидејќи кобната ноќ влегле во Пулс, но не спречиле активирање на пиротехничката опрема на сцената, иако употребата на пиротехниката не била пријавена во ПС Кочани
За катастрофалниот пожар во Пулс обвинети и 23 полицајци
Деветмина полицајци се обвинети бидејќи не извршиле целосна и детална проверка при издавање согласност за добивање лиценца на кабарето Пулс / AA
30 јануари 2026

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе три обвиненија против 23 полициски службеници поради катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Обвиненијата следуваат по истражна постапка која опфатила 27 полициски службеници, но дел од обвинетите се спомнуваат во по неколку обвиненија, па конечниот збир е 23 обвинети.

Според Обвинителството, првото обвинение е против 13 полициски службеници, од кои девет се полицајци, а четири началници. Двајца од началниците се од СВР Кочани и двајца од Штип.

Во овој предмет обвинетите се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Тие од 14 до 16 март- денот кога се случи трагедијата, одобриле и спровеле план за акциска контрола без да проверат дали тој ги има опфатено сите проверки што се во нивна надлежност ниту, пак, дали се почитувани одредбите од стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи.

Кобната ноќ влегле во Пулс во 2:20 часот по полноќ, по усна наредба, а пиротехниката се активирала среде контрола.

„На 16.3.2025 година, дел од обвинетите, постапувајќи по наведениот план за акциска контрола во кабаре Пулс во Кочани, не презеле соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту мерки за спречување на активирање на пиротехничката опрема на сцената, иако употребата на пиротехниката не била пријавена во ПС Кочани. Како последица на несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола, настанал пожар, при што придонеле за настапувањето смрт на 63 лица, а 223 се здобиле со тешки телесни повреди и телесни повреди“, велат од Обвинителството и дополнуваат дека на ниту еден од обвинетите ова не му била прва акциска контрола.

Вругото обвинение опфаќа девет полициски службеници кои се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување. За нив Обвинителството смета дека не извршиле целосна и детална проверка при издавање согласност за добивање лиценца на кабаре Пулс. Тие биле задолжени за проверки од аспект на јавниот ред и мир и сообраќајната безбедност, потпишале дека кабарето ги поседува предвидените најмалку 20 паркинг-места, иако ги немало.

„Овозможиле истото да добие лиценца за 2022 и 2023 година, а со намера да прибават имотна корист за правното лице во вкупен поголем износ од 284.576 денари за 2022 година и имотна корист за неформалниот сопственик на клубот, во вкупен поголем износ од 335. 916 денари бруто-плата“, појаснуваат од ОЈО ГОКК.

Третиот обвинителен предлог опфаќа тројца полициски службеници кои се обвинети за злоупотреба на службената положба. Тие при изготвување службени записници внесувале неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки. Наместо на име на активниот субјект, пишувале прекршочни пријави на фирма која не е активна.

„Обвинетите, при изготвување на записници за извршена контрола во клубот во кои констатирале сторени прекршоци, а внеле неточни податоци за правното и одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивно правно лице и физичко лице со намера за правното и физичкото лице да прибават имотна корист“, велат од Обвинителството.

Од ОЈО информираат и дека е донесена и наредба за запирање на истражната постапка за седум полициски службеници, на кои им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 2012 до 2022 година.

Со оглед на тоа што надлежноста на Специјализираното одделение на ОЈО ГОКК е од 2018 година, Обвинителството ќе ги цени само дејствијата преземи од 2019 до 2022, додека за другите предметот е испратен на надлежно постапување во ОЈО Кочани.

„Полициските службеници биле надлежни да вршат проверки во делот на исполнување на условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот, но не и проверки поврзани со услови за противпожарна заштита и минимално – технички услови за вршење на угостителска дејност кои не спаѓаат во нивна надлежност. Оттука, нивните дејствија не можат да се доведат во директна причинско-последична врска со настанувањето на пожарот критичната вечер“, појаснуваат од Обвинителството.

Во текот на истрагата беше донесена и Наредба за запирање на истражна постапка за починатиот полициски службеник.

Обвиненијата се поднесени во Основниот кривичен суд во Скопје, а за сите обвинети лица остануваат во сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката.

Инаку, за пожарот во „Пулс“ во тек е еден судски процес кој опфаќа 35 физички и три правни обвинети лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“, негови блиски, инспектори на државни институции, поранешни министри и припадници на агенцијата што го обезбедувала Пулс и нејзиниот сопственик.

Повеќе
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток
Ирак ја отфрли можноста за користење на неговата територија за напади врз соседите