| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Иран ја прекина железничката линија Техеран - Машхад по американските напади
Американски претставник изјави за Аксиос дека американската војска погодила два железнички моста во северен Иран со крстосувачки ракети како дел од вчерашните напади
Иран ја прекина железничката линија Техеран - Машхад по американските напади
Нападот е првиот пријавен американски напад врз иранската транспортна инфраструктура по стапувањето на сила на прекинот на огнот на 8 април / Reuters

Иран ги прекина патничките железнички услуги меѓу Техеран и Машхад денес по американско-израелскиот напад врз дел од железничката линија.

Железниците на Исламската Република Иран соопштија дека сообраќајот на патнички возови на линијата Техеран - Машхад е запрен откако во напад погодена е дел од линијата рано утрово, објави државниот сервис ИРИБ.

Надлежните соопштија дека техничките и оперативните тимови веднаш биле испратени на местото на нападот, а во тек се работи за санирање на штетата.

Патниците заглавени поради прекинот на сообраќајот ќе бидат транспортирани до североисточниот град Машхад, се истакнува.

Претходно утрово, новинската агенција Мехр објави дека мостот „Ак Текех Кан“ во северната покраина Голестан бил погоден од проектил.

Американски претставник изјави за „Аксиос“ дека американската војска погодила два железнички моста во северен Иран со крстосувачки ракети како дел од вчерашните напади.

Нападот е првиот пријавен американски напад врз иранската транспортна инфраструктура по стапувањето на сила на прекинот на огнот на 8 април.

Повеќе
Ердоган: Историски успех на самитот на НАТО во Анкара со доминација на одбранбените врски
Јужна Кореја ја потврди затворската казна за соборениот претседател Јун поради блокирање на апсењето
Индија и Австралија потпишаа договор за ураниум
Иран ја прекина железничката линија Техеран - Машхад по американските напади
Сообраќајот во Ормускиот Теснец речиси запре по новата размена на американско-ирански напади
Во американските напади врз 5 ирански провинции загинаа 14, повредени се 78 лица
Дуран: Турската надворешна политика сега е клучна сила во глобалниот систем
Десет Палестинци се убиени во најновите израелски напади и прекршување на прекинот на огнот
Премиерот на Гренланд: Гренланд не е на продажба
Вучиќ: Ја разбравме пораката од ЕУ, за нас е важно да ни се зголеми животниот стандард
Трамп го пофали турскиот претседател Ердоган, го оцени Самитот на НАТО во Анкара како успешен
Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост и солидарност во НАТО да се применуваат и во ЕУ
Украина ќе добие лиценца од САД да произведува ракети за Патриот
Мицкоски- Кос: Реформите напредуваат, но без уставни измени нема формален почеток на преговорите
Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард Банка АД