| Macedonian
Тројца научници ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на „метално-органски рамки“
Добитници на престижното признание се Сусуму Китагава од Универзитетот во Кјото, Ричард Робсон од Универзитетот во Мелбурн и Омар М. Јаги од Универзитетот во Калифорнија
Тројца научници ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на „метално-органски рамки“
Тројцата лауреати развиле нови молекуларни структури кои можат да се применат во повеќе области- една од нив е за добивање вода од пустински воздух / AA

Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2025 година за нивното пионерско истражување и развој на „метално-органски рамки“.

Добитници на престижното признание се Сусуму Китагава од Универзитетот во Кјото, Ричард Робсон од Универзитетот во Мелбурн и Омар М. Јаги од Универзитетот во Калифорнија.

Кралската шведска академија на науките соопшти дека тројцата лауреати развиле нови молекуларни структури со пространи рамки што им овозможуваат на молекулите да минуваат низ нив, познати како „метално-органски рамки“.

Овие структури можат да се применат во повеќе области – за добивање вода од пустински воздух, прочистување вода, складирање водород и апсорпција на јаглерод диоксид.

„Метално-органските рамки имаат огромен потенцијал, отворајќи претходно непредвидени можности за материјали изработени по нарачка со нови функции“, рече Хајнер Линке, претседател на Нобеловиот комитет за хемија.

Минатата година наградата за хемија ја добија Дејвид Бејкер од Универзитетот во Вашингтон и Демис Хасабис и Џон Џампер од Гугл ДипМајнд, за нивните откритија во областа на компјутерскиот дизајн на протеини и предвидување на нивната структура, како и за унапредување на медицината и биотехнологијата.

Нобеловите награди, воспоставени според тестаментот на шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, првпат беа доделени во 1901 година и се сметаат за најпрестижни признанија во светот.

Тие секоја година се доделуваат во областите физика, хемија, медицина, литература и мир, а подоцна беше додадена и наградата за економија од страна на Шведската централна банка во 1969 година.

Од нивното воведување, Нобеловите награди повремено биле суспендирани, 49 пати, главно за време на Првата светска војна и Втората светска војна. Наградите исто така не беа доделени во 2020 и 2021 година поради пандемијата на Ковид-19.

Лауреатите ќе ги добијат своите медали и дипломи на церемонија во Стокхолм на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел.


Повеќе
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете
Трамп ќе ја посети Кина за прв пат по девет години
САД репатрираат 17 граѓани од крузер по појавата на хантавирус
Франција го потврди првиот случај на хантавирус од крузерот МВ Хондиус
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан
Иран ќе бара компензација од САД и го одби планот на Трамп
Фидан разговараше со Арагчи за преговорите САД-Иран
САД се против израелска анексија на окупираниот Западен Брег