Тројца научници ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на „метално-органски рамки“
Добитници на престижното признание се Сусуму Китагава од Универзитетот во Кјото, Ричард Робсон од Универзитетот во Мелбурн и Омар М. Јаги од Универзитетот во Калифорнија
Тројца научници ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на „метално-органски рамки“
Тројцата лауреати развиле нови молекуларни структури кои можат да се применат во повеќе области- една од нив е за добивање вода од пустински воздух
8 октомври 2025

Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2025 година за нивното пионерско истражување и развој на „метално-органски рамки“.

Добитници на престижното признание се Сусуму Китагава од Универзитетот во Кјото, Ричард Робсон од Универзитетот во Мелбурн и Омар М. Јаги од Универзитетот во Калифорнија.

Кралската шведска академија на науките соопшти дека тројцата лауреати развиле нови молекуларни структури со пространи рамки што им овозможуваат на молекулите да минуваат низ нив, познати како „метално-органски рамки“.

Овие структури можат да се применат во повеќе области – за добивање вода од пустински воздух, прочистување вода, складирање водород и апсорпција на јаглерод диоксид.

„Метално-органските рамки имаат огромен потенцијал, отворајќи претходно непредвидени можности за материјали изработени по нарачка со нови функции“, рече Хајнер Линке, претседател на Нобеловиот комитет за хемија.

Минатата година наградата за хемија ја добија Дејвид Бејкер од Универзитетот во Вашингтон и Демис Хасабис и Џон Џампер од Гугл ДипМајнд, за нивните откритија во областа на компјутерскиот дизајн на протеини и предвидување на нивната структура, како и за унапредување на медицината и биотехнологијата.

Нобеловите награди, воспоставени според тестаментот на шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, првпат беа доделени во 1901 година и се сметаат за најпрестижни признанија во светот.

Тие секоја година се доделуваат во областите физика, хемија, медицина, литература и мир, а подоцна беше додадена и наградата за економија од страна на Шведската централна банка во 1969 година.

Од нивното воведување, Нобеловите награди повремено биле суспендирани, 49 пати, главно за време на Првата светска војна и Втората светска војна. Наградите исто така не беа доделени во 2020 и 2021 година поради пандемијата на Ковид-19.

Лауреатите ќе ги добијат своите медали и дипломи на церемонија во Стокхолм на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел.


Повеќе
Направен важен чекор во мапирањето на развојот на човечкиот мозок
Извршниот директор на Nvidia вели дека САД заостануваат, Кина е подготвена да победи во трката со ВИ
Google планира изградба на центри за податоци со ВИ во вселената
Протеин од гренландскиот кит крие траги за продолжување на животниот век на човекот
Модели на ВИ покажуваат „нагон за преживување“, предупредуваат истражувачите
Самсунг со Нвидија ќе гради мегафабрика за вештачка интелигенција
Гунвор Груп ќе го купи имотот на Лукоил во странство
OpenAI го завршува преминот кон профит, ја поедноставува корпоративната структура
Нвидиа стана првата компанија што достигна пазарна вредност од 5 билиони долари
Холанѓанец две години оженет со виртуелната сопруга Аива, експертите предупредуваат на ризици
Truth Social ќе биде првата платформа за социјални медиуми со пазари за предвидување со Crypto.com
Илон Маск ја лансираше Грокипедија како алтернатива на Википедија
Електричните возила го движат растот на патнички автомобили во Европа
Милионски кражби: Лажни броеви, вистински измами
Касперски: Измами со гласовна пошта и календар најчестите закани за фишинг во 2025 година
Денеска почнува зимското сметање на времето
Нобеловци повикаа на глобално запирање на истражувањето за вештачка суперинтелигенција
Индија за прв пат предизвикала вештачки дожд за да го реши проблемот со загадувањето
ЕК прелиминарно тврди дека ТикТок и Мета ги кршат обврските од Законот за дигитални услуги
Опен АИ го претстави Aтлас, новиот пребарувач кој директно го загрозува Гугл