| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти
Одлуката, како што информира Владата, е со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти
Повластената даночна стапка ќе се применува од полноќ на 15 септември и ќе трае до 28 септември

Владата попладнево соопшти дека на седница е донесена одлука за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти за дизелот. Одлуката, како што информира Владата, е со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. 

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

„Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98“, посочува прес-службата на Владата.

Повластената даночна стапка ќе се применува од полноќ на 15 септември и ќе трае до 28 септември.

„Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата“, стои во соопштението.

Повеќе
Туркије сака договор за зелена електрична енергија со Азербејџан, Грузија и Бугарија на КОП31
Август 2026 година беше најтопол месец во историјата, вели американска агенција
Хрватска и Бугарија блокираа над 35 тони пиперки од Северна Македонија и Албанија поради пестициди
Истанбул е домаќин на глобален туристички настан вреден 116 милиони долари
Пакистан: САД и Иран да се вратат на преговорите и покрај недовербата
Трамп не се кае за војната со Иран иако ќе се одрази на меѓуизборите
Неколкумина загинати и повредени во несреќа на туристички автобус во Швајцарија
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип