Македонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека по бизнис-форумот во Истанбул, одржан минатата недела, очекува во земјата да се реализираат неколку десетици потенцијални турски инвестиции,
Како што посочи Мицкоски, претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, му рекол дека лично ќе се заложи за привлекување што поголем број турски инвеститори во земјата.
„Како резултат на бизнис-форумот, во периодот што следува очекувам неколку десетици потенцијални инвестиции што ќе се операционализираат. Претседателот Ердоган ми кажа дека лично ќе се заложи што поголем број турски инвеститори да дојдат во (Северна) Македонија, а наша задача е тоа да го препознаеме и да отвориме нови работни места и оние што се надвор од државата да се обидеме, преку добро платените нови креирани работни места, да ги вратиме дома“, рече Мицкоски.
Минатата недела премиерот Мицкоски учествуваше на Бизнис-форумот Туркије-Северна Македонија, организиран од Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК) во Истанбул.
Во говорот на форумот тој, меѓу другото, ги повика турските бизнисмени да инвестираат во земјата, порачувајќи: „Вратите се отворени, можностите се реални и заедно можеме да ја изградиме иднината.“


















