| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски од Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување
Во однос на европската интеграција, министерот Муцунски истакна дека поддршката од одделни земји членки е значајна, но дека е потребен усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија
Муцунски од Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување
Муцунски од Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување / Other

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, рече дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата.

Муцунски, во рамки на работната посета на Загреб, Хрватска, учествуваше и се обрати на форумот организиран од страна на Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU).

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека државата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план.

Притоа, тој потенцираше дека не го прифаќа наративот на жртва, иако, како што посочи, државата во континуитет се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека со формирањето на бугарската влада ќе се создаде нов импулс за придвижување напред.

Во однос на европската интеграција, министерот нагласи дека поддршката од одделни земји членки е значајна, но дека е потребен усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија. Тој посочи дека очекува таквиот пристап да биде заеднички и координиран, наведувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот.

Осврнувајќи се на геополитичките предизвици, министерот Муцунски истакна дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Воедно, тој потенцираше дека е потребно помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци