| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми
„Докажавме уште еднаш и со презентацијата, ама и со највисоките оценки за лесната пешадиска единица, дека во НАТО постојат високи стандарди за стручност, за компетентност, за подготвеност и за посветеност.“
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми / Other

Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми - порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од армискиот полигон Криволак во изјава за медиумите. Таа беше дел од Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“. 

Освен Сиљановска-Давкова како врховен командант на Вооружените сили, пред присутните се обратија и министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и претставник од Командата на здружените сили на НАТО во Неапол. 

„Самиот назив на оваа вежба многу говори - „Блесок 26“. Од она што го видовме, се покажа дека не случајно оваа вежба се нарекува вака.
Докажавме уште еднаш и со презентацијата, ама и со највисоките оценки за лесната пешадиска единица, дека во НАТО постојат високи стандарди за стручност, за компетентност, за подготвеност и за посветеност. Нашиот лесен пешадиски тим целосно ги исполни. Но, тој не постои сам за себе.
Веќе напоменав во мојот говор дека успешната проверка покажува дека водството на армијата, Министерството за одбрана, носителите на највисоките армиски функции, но најмногу војниците се најзаслужни за нашата целосна компатибилност со армиите во рамките на НАТО“, истакна таа.

Таа се осврна и на процесот во врска со оценувањето на компатибилноста на Армијата.

„Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости, дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизациии и вие или ќе ги поминете или не. Мојата порака е она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми.
Ако нас нè оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека поинакви оценки ќе добиеме. Врочем, ако не се почитуваат високите стандарди, ако се внесуваат двојни стандарди и ако оценувањето не е според исполнувањето на стандардите, туку според барањата и потребите на соседите, имаме сериозен проблем со почитувањето“, нагласи таа. 

Според неа, стандардите треба да важат во сите можни институции, вклучувајќи ја и Европската Унија.

„Европски стандарди, високо профилирани армии. Европски стандарди во ЕУ, почитувани Копенхашки критериуми и, се разбира, рамноправни народи и држави во чекорењето напред. Впрочем, ние треба да се усогласиме, да бидеме стандардни во владењето на правото, во поделбата на власта, во човековите слободи и права, значи во сите неопходни претпоставки за европско функционирање на институциите. Е, сега, клучните документи на ЕУ бараат почитување на националните и културните идентитети, почитување на дигнитетот и интегритетот. Повторувам, молам компатибилност за стандардите. Впрочем, не случајно во рамките на НАТО ние сме високо профилирани, иако сме мала држава. Посакувам, доколку сме подведени под стандарди што важат за сите, да ја докажеме исто така нашата компатибилност и со европските политички системи и со стандардите на Европската Унија“, порача претседателката Гордана Сиљановска - Давкова.

На новинарско прашање дали по промената на власта во Бугарија и победата на Румен Радев на неодамнешните избори воспоставила некакви контакти со него, очекува ли некаква промена, бидејќи станува збор за поранешниот претседателел со кој таа имаше неколку средби, Сиљановска-Давкова потврди дека му се јавила и изразила спремност за разговори.

„Се разбира, јас никогаш не можам да одговарам наместо господинот Радев. Да, добро го познавам како претседател, убедена сум дека ќе биде успешен премиер како што беше председател. Се разбира дека му се јавив веднаш, и со порака и усно поразговаравме, изразивме спремност за разговори. Јас мислам дека само тој би можел автентично да ви одговори што можеме да направиме понатаму или, пак, со премиерот. Но мислам дека самото тоа што веќе имаме една стабилна влада зад која стои огромното мнозинство граѓани, покажува дека има шанса навистина да разговарате со некој што е легитимен претставник на граѓаните. Инаку, со нестабилните влади, се разбира, многу потешко беше тоа да се стори “, посочи претседателката Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества
Доктори од „8 Септември“ и Клиниката за дерматологија меѓу уапсените за шверц на ботокс
Двајца Срби обвинети за убиство на полицаец во косовското село Бањска осудени на доживотен затвор
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници во Скопје
Србија подготвена за воена служба, регрутација од септември
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични
Реализација на офанзивни тактички операции во „БЛЕСОК 26“
Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Мицкоски од Виена: Нашата определба е јасна, градиме економија што создава, а не што само троши
ЕУ почна да работи на нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора
Институтот „Јунус Емре“ во Скопје со курсеви по турски јазик за вработените на аеродром и царина
Најмалку двајца загинати во автобуска несреќа во Бугарија
Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по ново решение за билатералниот спор
Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот