| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Со грчкиот премиер Мицотакис нè поврзува посебно пријателство создадено на заедничкиот пат на амбицијата за модернизација на нашите земји и за подигање на албанско-грчките односи на ново ниво, изјави албанскиот премиер
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Рама престојува во посета на Грција во рамки на работата на Економскиот форум во Делфи, каде што се сретна со грчкиот премиер / AA

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека се работи на конечно надминување на сите отворени прашања меѓу Албанија и Грција и на нов договор за стратегиско партнерство.

Премиерот Рама престојува во посета на Грција во рамки на работата на Економскиот форум во Делфи, каде што се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, нè поврзува посебно пријателство создадено на заедничкиот пат на амбицијата за модернизација на нашите земји и за подигање на албанско-грчките односи на ново ниво. На овој пат, не само најдобрите моменти, туку и најтешките секогаш се карактеризирале со комуникација полна со почит и без задршка, додека работиме на конечно надминување на сите отворени прашања меѓу двете држави, за оваа година да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство“, напиша Рама на социјалните мрежи.

Премиерот Рама и министерот за Европа и надворешни работи Ферит Хоџа престојуваат во посета на Грција во рамки на Форумот во Делфи.

Повеќе
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран
Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД во декември
Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби
Трамп: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е продолжено на неодредено време
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Ердоган до Штајнмаер: Војната ја ослабува Европа, мирот е итно потребен
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Претседателот на Либан: Во тек се контакти за продолжување на прекинот на огнот со Израел
Ердоган и Руте разговараа за подготовките за самитот во Анкара и агендата на НАТО
Мицкоски од Виена: Нашата определба е јасна, градиме економија што создава, а не што само троши
ЕУ почна да работи на нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора