| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
„Целосно сме посветени на сите договори што сме ги имале и што продолжуваме да ги имаме. Се надеваме дека новата влада ќе обезбеди континуитет на стратешкото партнерство со Руската Федерација“, рече Лавров
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија / reuters

Русија останува посветена на своите договори за гас со Србија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по средбата со Александар Вулин претседател на надзорниот одбор на „Србијагас“ и поранешен вицепремиер во српската влада.

„Целосно сме посветени на сите договори што сме ги имале и што продолжуваме да ги имаме. Се надеваме дека новата влада ќе обезбеди континуитет на стратешкото партнерство со Руската Федерација“, рече Лавров.

На средбата, исто така, беше истакнато дека се во тек преговори во врска со продолжувањето на испораките на гас и склучувањето на нов долгорочен договор.

На 30 септември, руската компанија „Гаспром“ го продолжи договорот за гас со Србија за три месеци – до крајот на годината – под истите поволни услови што важеа и претходно.

Повеќе
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи
Тошковски: „Безбеден град“ се проширува со мобилни камери и контроли на црните сообраќајни точки