| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
„Во согласност со Комисијата, Македонија е најнапредна во однос на реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан.“
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот / Other

Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е енергетската стабилност - порачала денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ресорскиот состанок, на кој биле разгледани тековните активности во енергетскиот сектор.

На состанокот, на кој присуствувале претставници од релевантните институции од енергетиката, се разговарало на повеќе теми во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставниците на МЕМО, ги презентирале актуелните проекти и активности, како и плановите за претстојниот период.

Министерката Божиновска на состанокот нагласила дека клучен приоритет на Министерството  за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) е одржување на стабилноста на енергетскиот систем, навремена реализација на проектните активности, како и обврските во однос на реформската агенда.

„Како потврда на досегашната одлична работа на Владата на ова поле стигна и од самата ЕК. Имено, во согласност со Комисијата, Македонија е најнапредна во однос на реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан, односно преку инструментот за реформи и раст“, соопшти МЕРМС.

Од ЕСМ информирале дека имаат активни проекти што се потврдени во листата за тековни јавни инвестиции. Воедно, биле презентирани и проекти што се во фаза на иницирање и дополнително треба да бидат вклучени на листата. На состанокот бил претставен и детален финансиски преглед за периодот од првиот квартал 2020 - 2026 година, што ги опфаќа приходите, расходите и добивките - загубите, при што, како што се истакнува во соопштението на Министерството, бил потенциран позитивниот финансиски резултат во првиот квартал.

„МЕПСО информира за остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, при што е евидентирана добивка во првиот квартал. На состанокот беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и информацијата дека од јануари 2026 година аукциите за прекугранични капацитети со Србија и Бугарија ги спроведува JAO. Дополнително, беше разгледан напредокот на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои Битола - Елбасан, ТС Охрид, Источнозападниот коридор и другите проекти што се дел од проектната листа на компанијата“, се нагласува во соопштението.

Од страна на НОМАГАС било истакнато дека досега се почнати и се во разна фаза на напредок повеќе значајни делници од националната гасоводна мрежа.

„Меѓу нив се Клечовце - Неготино, Неготино - Битола и Скопје - Тетово - Гостивар, а во тек се активности за понатамошно проширување кон Кичево и други региони. Компанијата активно работи и на реализација на стратешкиот гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи директно поврзување со европската гасна мрежа и пристап до нови извори на природен гас и ЛНГ-терминали“, се додава во соопштението на Министерството.

Се истакнува и дека од МЕМО е информирано оти се очекува со потпишувањето на одлуката на Министерскиот совет за меѓусебно признавање на гаранциите за потекло да се овозможи поврзување со ЕУ-зоната. Воедно, биле разгледани активностите поврзани со процесот на пазарно спојување, тековните приоритети на операторот и нивното целосно правно членство во AIB.

„Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму ќе продолжи со заложбите за обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем“, се вели во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Германски болници цел на масовен сајбернапад
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
САД ја паузира продажбата на оружје на Тајван вредна 14 милијарди долари поради војната во Иран
Нападнат и запален центар за заразени од ебола во ДР Конго
Иран ги осуди санкциите на САД врз назначениот амбасадор во Либан
Рубио: Мали се шансите за договор меѓу САД и Куба
Трамп: САД ќе го преземат високо збогатениот ураниум на Иран
Судот на правдата на Европската Унија: ЕУ може да замрзне и руски средства што ги чуваат фондови
Ер Франс и Ербас прогласени за виновни за убиство од небрежност во авионската несреќа во 2009 година
Хамнеи: Збогатениот ураниум мора да остане во Иран
Дете убиено во израелски напад со дрон во Газа и покрај прекинот на огнот
Активисти од флотилата за помош за Газа, нелегално приведени од Израел, се префрлаат во Туркије