| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Калас: Ормускиот теснец е во „чудна состојба“ помеѓу војна и мир
Според шефицата за надворешна политика на ЕУ ситуацијата на Блискиот Исток и тековната војна меѓу Русија и Украина ќе главни точки на дневен ред на разговорите на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
Калас: Ормускиот теснец е во „чудна состојба“ помеѓу војна и мир
Belgium EU Defense Ministers / AP

Шефицата за надворешна политика на ЕУ денеска изјави дека Ормускиот теснец останува во „чудна состојба“ помеѓу војна и мир, бидејќи сè уште не е постигнат официјален договор меѓу страните, нагласувајќи дека слободата на пловидба е во интерес на сите.

Зборувајќи на прагот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Лимасол, администрацијата на кипарските Грци, Каја Калас, истакна дека ситуацијата на Блискиот Исток и тековната војна меѓу Русија и Украина се главни точки на дневен ред на разговорите.

Калас ги наведе очекувањата дека страните би можеле да постигнат договор за теснецот, додавајќи дека тоа досега не се случило.

„Мислам, Ормускиот теснец е во чудна состојба помеѓу војна и мир“, истакна шефицата за надворешна политика на блокот.

„Навистина е во интерес на сите слободата на пловидба да се почитува во Ормускиот теснец, бидејќи сите плаќаат многу висока цена за ова“, нагласи таа.

Калас рече дека министрите ќе разговараат и за други аспекти на ситуацијата на Блискиот Исток, како таа влијае врз нив и како можат да соработуваат по овие прашања.

Таа додаде дека ќе разговараат и за тековната војна меѓу Русија и Украина, како и за можните преговори.

Сепак, Калас рече дека верува оти тоа е „стапица“ поставена од Русија за да ги натера да разговараат за тоа кој треба да соработува со Москва, додавајќи дека Русија веќе одлучува „кој е погоден“ за такви разговори.

Повеќе
Калас: Ормускиот теснец е во „чудна состојба“ помеѓу војна и мир
САД повторно воведуваат санкции за Франческа Албанезе
Зеленски поднесе нацрт закон за заем од ЕУ од 90 милијарди евра
Хамас потврди дека командантот на Бригадите Ал Касам, Мухамед Авда, е убиен во израелски напад
Фон дер Лајен: Претстојните недели се критични за процесот на пристапување на Украина во ЕУ
Израел го прогласи поголемиот дел од јужен Либан за „борбена зона“
Иранската револуционерна гарда тврди дека нападнала американска воздухопловна база вo Kувајт
САД извршиле нови воздушни напади врз воена локација во јужен Иран
Макрон: Целосна поддршка за Црна Гора во последните фази од преговорите со ЕУ
Белата куќа: Нацрт предлогот за прекин на војната објавен од иранските медиуми е целосна измислица
Велика Британија и Полска потпишаа договор за зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната
Зеленски со писмо до Трамп бара помош во противвоздушната опрема
Медиуми: Нацрт договор САД-Иран со заедничко управување на бродскиот транспорт меѓу Техеран и Оман
САД ќе ја евакуира флотата од Израел за 72 часа доколку има договор со Иран
Медиуми: САД распоредиле борбени авиони Ф-22 и десетици авиони за полнење гориво во Израел