| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи: Диверзификацијата е клуч за економската отпорност
Диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во регионот и пошироко се клучни за долгорочниот развој, уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за иднината на нашата држава, порача Муцунски
Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи: Диверзификацијата е клуч за економската отпорност
Муцунски говореше на панел-дискусијата со наслов „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, одржана во рамките на самитот / Others

Во свет во кој непредвидливоста станува новата реалност, диверзификацијата претставува клучна алатка за обезбедување економска отпорност, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, на Светскиот самит за влади во Дубаи.

Муцунски говореше на панел-дискусијата со наслов „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, одржана во рамките на самитот, каде што нагласи дека единствена константа во денешниот глобален политички пејзаж е непредвидливоста.

„Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме, но не преку реактивни политики, туку преку градење долгорочна способност за адаптација“, истакна Муцунски.

Тој посочи дека диверзификацијата значи да не се зависи од една индустрија, една трговска маршрута, еден пазар или еден економски центар, нагласувајќи ја потребата од проширување на партнерствата, вклучително и со пазари што не се сметаат за традиционални.

Министерот повика на поинтензивен дијалог меѓу владите и побрзо донесување одлуки во услови на глобални предизвици, додавајќи дека брзата и ефикасна адаптација треба да се претвори во конкурентска предност.

Осврнувајќи се на деловното опкружување во Европа, Муцунски оцени дека континентот се соочува со „хиперинфлација“ на регулативи, што го отежнува водењето бизнис.

„Компаниите имаат потреба од поедноставени процедури, ефикасност и брзина“, рече тој, посочувајќи ги Обединетите Арапски Емирати како пример за флексибилно и пробизнис законодавство, како и за користење современи технологии, вклучително и вештачка интелигенција во административните процеси.

Во контекст на логистичката позиција на земјата, Муцунски нагласи дека Северна Македонија е единствена држава во регионот каде што се вкрстуваат коридорите 8 и 10 што, како што рече, претставува значајна стратегиска предност.

Тој истакна дека Владата активно инвестира во енергетската безбедност и поврзаноста, потсетувајќи дека е во тек изградбата на гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до течен природен гас преку терминалот во Александруполис, како и подготовките за инвестиција во интерконектор со Србија, со цел земјата да стане и транзитна машррута.

„Диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во регионот и пошироко се клучни за долгорочниот развој. Уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за иднината на нашата држава“, порача Муцунски.


Повеќе
Советник во Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори за Украина во ноември
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Барт де Вевер: Украина нема да се финансира од замрзнатите руски средства
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Канадскиот премиер Карни утре и задутре во посета на Туркије на покана на Ердоган
Европската комисија започна истрага против Booking.com за измами и ризици од измами
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Мерц: Ова не е почеток на трговска војна со Кина, бараме мирни решенија
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Израелските сили урнаа зграда во која живееле 35 Палестинци во Источен Ерусалим
Зеленски: Украина подготвена да го замрзне конфликтот по должината на линијата на фронтот
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите