ДЗС: Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а цените на мало за три отстто

Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.

By
ДЗС: Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а цените на мало за три отстто / AA

Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти.

Зголемувањето е резултат на порастот на трошоците на животот во групите:  Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.