| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Во Скопје се одржа предавање за важноста на менталното здравје кај младите
Предавање на темата поврзана со менталното здравје кај младите одржа психологот Јасмина Ризвановиќ од Скопје, која во својот вовед од излагањето ја истакна потребата од посветување внимание на менталното здравје уште од раната возраст кај луѓето.
Во Скопје се одржа предавање за важноста на менталното здравје кај младите
Во Скопје се одржа предавање за важноста на менталното здравје кај младите / TRT Balkan
7 октомври 2025

Менталното здравје кај младите е исклучително важно и игра важна улога во човековиот личен и приватен живот и неговиот однос кон себеси и општеството, затоа на оваа тема треба да се разговара сериозно и посветено. Младите луѓе тоа мора да го имаат в предвид и за ова треба да се разговара секогаш отворено. Менталното здравје никако не смее да биде табу тема. Ова беше една од пораките и главните апели од предавањето на темата „Менталното здравје кај младите“, кое во текот на изминатата недела се одржа во Инокс центарот при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, а во организација на Мрежата на младите Бошњаци во земјава.

Предавање на темата поврзана со менталното здравје кај младите одржа психологот Јасмина Ризвановиќ од Скопје, која во својот вовед од излагањето ја истакна потребата од посветување внимание на менталното здравје уште од раната возраст кај луѓето.

„Нашите мисли, нашите емоции, се што е нашиот внатрешен свет, а сето тоа е поврзано со тоа како ние реагираме во секојдневниот живот, како ние се справуваме со одредени ситуации и затоа е многу важно да се разговара за менталното здавје, да се препознае секој сигнал и да работиме на тоа да бидеме најдобрата верзија од себеси“, рече Ризвановиќ.

Осврнувајќи се на случувањата од секојдненвието на младите, таа напомена дека притисокот во училиште, очекувањата од околината, анксиозноста, социјалните мрежи, се некои од клучните фактори кои влијаат врз менталното здравје кај младите.

Младите и очекувањата

„Луѓето кога се млади имаат очекувања да бидат соврешени и тоа често претставува огромен проблем кај младите - да бидеме без грешка, да бидеме перфектни“, појасни Ризвановиќ, објаснувајќи го перфекционизмот од аспект на неговото влијание врз психолошката состојба кај младиот човек.

„Нешто што би сакала да нагласам како што реков тој притисок да бидеме совршени во психологијата го нарекуваме перфекционизам. Ова е убаво да се слушне, но позадината на ова е поинаква. Пефекционизмот е адреналинот кој нѐ тера да постигнеме се, веднаш, без грешка, но кога ќе завршиме, кога ќе дојдеме до целта, потоа доаѓа стресот, потоа немаме мотивација да почнеме нешто ново, затоа што сме биле возбудени да дојдеме до целта и тоа да биде без грешка и без никакви проблеми. За разлика од тоа, кај прогресот и кај трудот, често можеме да го смениме патот, да најдеме некој друг начин, често можеме да згрешиме, тоа е човечки, тоа е нормално. Сепак, кога ќе дојдеме до целта го цениме тој труд. Кај трудот и кај прогресот кога ќе дојдеме до целта, потоа имаме мотивација за нешто друго, затоа што ја знаеме секоја бариера во процесот при доаѓање до целта“, потенцираше Ризвановиќ.

Во рамките на предавањето таа со младите луѓе сподели практични примери од секојдневниот живот кои имаат влијание врз менталното здравје, а потоа преку интерактивни вежби и разговори со присутните на предавањето ги нагласи суштинските фактори за правилно третирање на темата „Младите и менталното здравје“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Туркије: Меѓународната заедница мора да преземе чекори против загрозувачките постапки на Израел
ЕУ го казни X на Илон Маск со 120 милиони евра за прекршување на обврските за транспарентност
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Нарачките од германските фабрики се зголемиле над очекувањата
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата