Министерот Сали во официјална посета на Украина
„Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина“, информираат од Министерството за европски прашања.
Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции, задолжени за европската и евроатлантската интеграција.