Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина“, изјави Седлоски.

By
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска / Other

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски вечерва на официјалната прес конференција во Копенхаген ги изнесе своите очекувања од натпреварот против домаќинот Данска во рамки на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина“, изјави Седлоски.

Македонскиот селектор рече дека нема да открие почетниот состав кој ќе се соочи со Данска вечерва на стадионот „Паркен“ со почеток во 20:45 часот.

„Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене“, рече Седлоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Седлоски истакна дека Данска е силна репрезентација, но во бараж натпреварите одлучуваат детали.

„Ни недостасуваат одредени фудбалери, но тоа не го менува нашиот пристап. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, тоа ни дава дополнителна сила.“, додаде Седлоски.