Романските борбени авиони Ф-16 уништија морски дрон во близина на гасната платформа Нептун Дип во Црното Море денеска наутро, изјави министерот за одбрана Раду Мирута.
„Утрово, крајбрежната стража нè информираше за присуството на морски дрон на неколку стотици метри од работите за екстракција на гас што се изведуваат на платформата Нептун Дип“, објави Мирута на Фејсбук.
Тој рече дека е формирана командна ќелија во Министерството за одбрана и дека координацијата на ниво на НАТО е префрлена на романската војска.
„По извршените анализи и во координација со романскиот претседател, донесена е одлука да се уништи дронот со цел да се заштитат животите на неколку стотици луѓе што работат на платформата и да се обезбеди критична инфраструктура“, рече Мирута.
Тој додаде дека два романски борбени авиони Ф-16 се искачиле и безбедно го уништиле дронот.




















