| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Москва ги отфрли обвинувањата на Берлин за обид за напад со дронови на аеродромот во Лајпциг
Обвинението служи исклучиво на целите на режимот во Киев, милитаристичкото крило на европската политичка класа и магнатите од воено-индустрискиот комплекс заинтересирани за разгорување на украинскиот конфликт, рекоа од Москва
Москва ги отфрли обвинувањата на Берлин за обид за напад со дронови на аеродромот во Лајпциг
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова го обвини Берлин дека користи измислен изговор за понатамошно ескалирање на билатералните односи

Руската амбасада во Германија во вторник ги отфрли како неосновани, апсурдни и ирационални обвинувањата на Берлин во врска со обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг.

Амбасадата го обвини Берлин за систематско поткопување на темелите на руско-германската соработка.

Се наведува дека рускиот амбасадор во Германија бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде што му бил врачен протест поради наводната вмешаност на Русија во инцидентот со беспилотно летало полн со експлозив на 5 август.

Додадено е дека германските власти ја обвиниле Русија без да обезбедат докази и најавиле санкции поради она што Берлин го нарече ескалација на хибридните напади на Москва.

Мерките вклучуваат затворање на рускиот генерален конзулат во Бон до 18 септември и раскинување на руско-германскиот договор од 2011 година што ги опфаќа културните и информативните центри, вклучувајќи го и Рускиот дом во Берлин.

Рускиот амбасадор ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги мерките невидена ескалација на билатералните односи и предупредувајќи дека тие ќе имаат последици за кои Германија ќе сноси целосна одговорност.

„Тој нагласи дека брзо замислената провокација на аеродромот во Лајпциг служи исклучиво на целите на режимот во Киев, милитаристичкото крило на европската политичка класа и магнатите од воено-индустрискиот комплекс заинтересирани за разгорување на украинскиот конфликт“, се вели во соопштението.

Одделно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Германија ќе добие соодветен одговор на одлуката за затворање на Руската куќа и Рускиот генерален конзулат.

Во изјава за државната новинска агенција Тасс, Захарова го обвини Берлин дека користи измислен изговор за понатамошно ескалирање на билатералните односи и рече дека Германија не успеала да обезбеди убедливи докази за да ги поткрепи своите обвинувања против Русија.

„И Руската куќа и нашиот генерален конзулат во Бон долго време ја вознемируваа владејачката елита. Сега најдоа изговор. Па, ќе добијат соодветен одговор“, рече таа.

Захарова, исто така, ја обвини Германија за поттикнување на војната во Украина и учество во она што таа го нарече терористички напади, велејќи дека Москва ќе одговори на какви било антируски одлуки.

Изјавата дојде откако Германија ја обвини Русија за обид за напад со беспилотни летал аминатиот месец врз аеродромот во Лајпциг и најави широки мерки и санкции против Москва.

Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт на прес-конференција во Берлин изјави дека истражителите утврдиле дека заговорот бил планиран од руските разузнавачки служби и спроведен од оперативци од пониско ниво.

Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул, зборувајќи на истиот брифинг, рече дека го повикал рускиот амбасадор за да го пренесе протестот на Берлин и да ја информира Москва за одговорот на владата.

„Рускиот генерален конзулат во Бон ќе биде затворен на 18 септември. Договорот за Руската куќа во Берлин се раскинува“, рече Вадефул.

Западните претставници долго време се сомневаа дека културниот центар од советската ера во главниот град би можел да послужи како параван за разузнавачка работа.

Повеќе
Туркије ја осудува глорификацијата на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
Аргентина поднесе кривична пријава против нафтени компании за дупчење на Фолкландските Острови
Иран се закани со создавање поморска зона со ограничен пристап во Персискиот Залив
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка поради обвиненија за корупција
Илјадници Бразилци се собраа во поддршка за Болсонаро во тесната претседателска трка против Лула
Најмалку 73 лица ранети во нападите на Хутите врз Саудиска Арабија
Владата на Србија испрати предлог до Вучиќ за распуштање на Собранието и распишување избори
Одборот за мир вели дека Израел мора да ги спроведе обврските за Газа
Ердоган: Туркије нема да дозволи нејзиниот пат кон просперитетот да биде блокиран
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа