| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Белата куќа: Иран откажа 800 егзекуции на демонстранти по предупредувањето од Трамп
Трамп изјави дека му било кажано дека убиствата во иранското задушување на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека нема моментален план за масовни егзекуции, дури и кога тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи
Белата куќа: Иран откажа 800 егзекуции на демонстранти по предупредувањето од Трамп
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција изјави дека Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран / Reuters

Осумстотини егзекуции што требаше да се извршат во Иран беа откажани откако американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите во Техеран да не убиваат демонстранти, објави синоќа Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција изјави дека Трамп вчера бил информиран дека „800-те егзекуции што беа закажани за среда се одложени“.

Таа додаде дека Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран.

Ливит рече дека Трамп и неговиот тим го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“.

Трамп во среда изјави дека му било кажано дека убиствата во иранското задушување на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека нема моментален план за масовни егзекуции, дури и кога тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.

„Ќе бидеме многу вознемирени ако продолжат егзекуциите“, рече Трамп.

Тој не ја исклучи можноста за воена акција на САД, велејќи дека ќе „следи како се одвива процесот“, истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.

Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, синот на шахот на Иран, кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целата земја.

Истиот ден, интернетот беше исклучен, а во неколку ирански градови протестите се претворија во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против иранскиот политички систем.

Беше објавено дека имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.

Група за човекови права со седиште во САД во четврток соопшти дека бројот на жртви во протестите во Иран достигна 2.677.

Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, на 12 јануари објавија дека ситуацијата е ставена под контрола.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД