| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Руските сопственици подготвени да ја отстапат контролата на НИС на трета страна
Србија официјално го поддржа ова барање до OФAЦ и се надеваме дека брзо ќе го презентира својот став, мора да се најде решение, но граѓаните не смеат да останат без гориво, изјави српската министерка за рударство и енергетика Ѓедовиќ Хандановиќ
Руските сопственици подготвени да ја отстапат контролата на НИС на трета страна
НИС беше ставена на листата на санкции на САД на 10 јануари, поради таканаречен „секундарен ризик“, односно поради мнозинското руско сопствеништво / Reuters
11 ноември 2025

Руските сопственици на Нафтената индустрија на Србија (НИС) поднесоа барање до Канцеларијата за контрола на странски средства (OФAЦ) на Министерството за финансии на САД со барање за продолжување на лиценцата за работа, врз основа на преговори со трета страна, објави денес српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, додавајќи дека државата Србија официјално го поддржала барањето.

Во барањето се наведува дека руската страна е подготвена да ја отстапи контролата и влијанието врз компанијата НИС на трета страна, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ на Инстаграм.

„Државата Србија официјално го поддржа ова барање. OФAЦ веќе реагираше со одредени коментари и се надеваме дека ќе го презентира својот став во текот на неделата. Времето истекува и мора да се најде решение, но граѓаните не смеат да страдаат и да останат без гориво. Ова нема и не смее да се случи“, нагласи Ѓедовиќ Хандановиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека очекува да испратат писмо до OФAЦ за ослободување на НИС од санкциите на САД.

„Очекувам, тоа е веста - дека во понеделник или вторник, заедно со Русите и некои други што руската страна ќе ги најде, ќе испратиме писмо до OFAC, владата на САД, и очекуваме одговор од нив, дали ќе прифатат, во рок од еден, два или три месеци, да нè ослободат од санкциите, бидејќи е јасно дека почнавме да го решаваме прашањето за управувањето. Дали подоцна ќе биде потребно да се реши прашањето за сопственоста, тоа останува да се види“, рече Вучиќ.

Нафтената индустрија на Србија беше ставена на листата на санкции на САД на 10 јануари, поради таканаречен „секундарен ризик“, односно поради мнозинското руско сопствеништво од 2008 година.

Во меѓувреме, сопственичката структура на НИС повеќепати се менуваше, но мнозинството акции и натаму се во рацете на руски компании.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина