| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Полицијата во Сиетл привела еден осомничен, според градоначалничката Кејти Вилсон, која претходно изјави дека двајца осомничени се во притвор, но подоцна издаде ново соопштение за само едно притворено лице
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Ова е едно од најмалку 271 масовни пукања во САД од почетокот на годината, според Архивата за насилство со оружје

Три лица загинале, а петмина биле повредени, вклучувајќи и двегодишно дете, во пукотница на Фестивалот на храна во Сиетл, САД.

Пукањето се случило малку по 18 часот синоќа по локално време, недалеку од кулата „Спејс Нидл“, по која е познат овој град.

Порано, властите објавија дека две лица се убиени, а пет се ранети, но во меѓувреме, полицијата објави дека починало и трето лице.

Би-Би-Си објави дека е рането и двегодишно момче.

Полицијата во Сиетл привела еден осомничен, според градоначалничката Кејти Вилсон, која претходно изјави дека двајца осомничени се во притвор, но подоцна издаде ново соопштение за само едно лице во притвор.

Таа пукањето го нарече „чин на ужасно насилство“ и рече дека заедницата се обидува да разбере како настан наменет за културно собирање и зближување завршил со пукање од огнено оружје.

Би-Би-Си вели дека има втор осомничен, кој избегал кога започнала потрагата.

Како што претходно објави Ен-Би-Си Њуз, сите ранети се во стабилна состојба, освен едно женско лице, кое е во критична состојба.

Портпаролката на противпожарната служба во Сиетак, Грејс Нуњез, изјави дека членовите на службите за итни случаи пристигнале кратко по 18 часот и безуспешно се обиделе да ги спасат животите на двете лица кои биле застрелани, додека ранетите биле однесени во болница.

Двајца очевидци изјавиле дека слушнале седум до осум истрели и луѓето почнале да трчаат наоколу, токму кога бенд настапувал на сцената.

Вчера беше последниот ден од тридневниот годишен настан, Фестивалот на храна, во пространиот комплекс во Сиетл, кој привлекува 350.000 посетители секоја година.

Ова е едно од најмалку 271 масовни пукања во САД од почетокот на годината, според Архивата за насилство со оружје.

Повеќе
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег