| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Вучиќ: Заедно со Израел ќе ги произведуваме најдобрите дронови
„Ние не умееме да направиме беспилотни летала какви што умее да направи Израел. Јас се гордеам со тоа, заеднички ќе го работиме тоа, ќе биде 50-50. Тоа покажува дека ќе ги имаме најдобрите дронови во овој дел од светот“, рече Вучиќ
Вучиќ: Заедно со Израел ќе ги произведуваме најдобрите дронови
Вучиќ: Заедно со Израел ќе ги произведуваме најдобрите дронови / AP

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека заедно со Израел ќе произведуваат беспилотни летала и дека неговата земја ќе ги има најдобрите дронови во овој дел од светот.

На прашањето на новинарите да ги коментира поединечните тврдења дека Израел сам ќе ја гради фабриката за дронови во Србија, Вучиќ возврати „дали тоа е пофалба или критика“.

„Јас мислам дека ме фалат. Ние не умееме да направиме беспилотни летала какви што умее да направи Израел. Јас се гордеам со тоа, заеднички ќе го работиме тоа, ќе биде половина-половина, 50-50. Тоа покажува дека ќе ги имаме најдобрите дронови во овој дел од светот“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател во март најави отворање на фабрика за производство на напредни дронови во Србија во соработка со странски партнер.

„Наскоро ја отвораме првата фабрика за беспилотни летала во нашата земја, многу сериозни, од најсериозната светска продукција. Работевме и досега, како армија и како приватни компании, на различни склопувања на помали дронови, 'Комарец 1', 'Комарец 2', имате приватни компании што го работат тоа“, додаде Вучиќ.

Повеќе
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите