| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган: Туркије ќе продолжи да ги брани мирот и човештвото од „геноцидните мрежи“
Свесни сме за потребата турската армија да се одржи силна и добро опремена со цел да се зачува мирот и безбедноста во оваа тешка географија, рече Ердоган говорејќи на меѓунардоната воена вежба ЕФЕС-2026 во Измир
Ердоган: Туркије ќе продолжи да ги брани мирот и човештвото од „геноцидните мрежи“
Турскиот претседател вели дека Анкара се стреми да се позиционира како клучен актер во регионалниот мир во услови на растечка нестабилност / AA

Туркије ќе продолжи да ги брани заедничките вредности на човештвото од „геноцидните мрежи“ што убиваат цивили во Газа и Либан, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи на комбинираната, здружена и теренска вежба со боева муниција ЕФЕС-2026 во западната област Измир, Ердоган нагласи дека додека се пишуваат песимистички сценарија за иднината, Анкара се стреми кон позиционирање на земјата како клучен актер во секое поле, особено во регионалниот мир.

Tурскиот претседател нагласи дека светот поминува низ период во кој се менуваат безбедносните парадигми, меѓународното право губи ниво и кредибилитет, а потребни се нови безбедносни архитектури.

„Во светот се формираат нови рамнотежи и нови сојузи, но не може да се воспостави нов глобален поредок. Нашиот свет брзо се развива од статус кво обликуван од неколку големи сили во мултиполарна, мултиактерска структура“, рече тој.

Претседателот рече дека поширокиот регион во кој се наоѓа Туркије претставува центар на гравитација на овој процес и додаде: „Името на Туркије се споменува сè повеќе и повеќе секој ден како еден од влијателните актери на новата ера“.

Тој, исто така, нагласи дека е свесен за потребата турската армија да се одржи силна и добро опремена со цел да се зачува мирот и безбедноста во оваа тешка географија.

„Како Турција, ние ќе продолжиме да се залагаме за мир и стабилност против оние што инвестираат во војна и хаос“, рече тој.

Педесет земји се собраа во Измир за комбинираната заедничка теренска вежба со боева стрелба Ефес-2026 во Туркије. 

Вежбите годинава се фокусирани на автономни роеви беспилотни летала, беспилотни летала лансирани од носачи на авиони и домашен слоевит систем за воздушна одбрана. 

Сојузниците на НАТО како САД, Франција и Велика Британија тренираа заедно со глобалните партнери, вклучувајќи ги Азербејџан, Пакистан, Јапонија и Руанда. Имено, вежбата го означува првото учество на сириската армија и успешно ги обединува соперничките воени сили од западниот и источниот дел на Либија.


Повеќе
Хезболах: Извршени 24 операции против израелските сили
Иран: Предлогот на САД доставен преку Пакистан се разгледува
Ердоган го поздрави продолжувањето на примирјето во Иран во телефонскиот разговор со Трамп
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Израел е еден чекор поблиску до предвремени избори
Фон дер Лајен: Единствениот ЕУ пазар треба да се прилагоди на денешните предизвици
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро
Бен-Гвир објави видео од приведени активисти на флотилата Сумуд принудени да клечат
САД и Израел сакале да го доведат поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад на власт по нападите
Трамп и Нетанјаху имале „драматичен“ разговор за Иран, тврдат израелски медиуми
Иран предупредува: Новиот американско-израелски напад ќе го прошири конфликтот надвор од регионот
Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Шведска пред самитот во Анкара
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот
Туркије: Предлогот за цевковод на НАТО ќе го зајакне источното крило на Алијансата
ФИФА ја следи ситуацијата со еболата во ДР Конго и ја поддржува репрезентацијата пред СП 2026