| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Иран вели дека националниот фудбалски тим е целосно подготвен за учеството на Мундијалот во САД
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 16 април изјави дека се очекува Иран да учествува на претстојното Светско првенство, закажано за 11 јуни до 19 јули, истакнувајќи дека тимот се квалификувал и изразил подготвеност да се натпреварува
Иран вели дека националниот фудбалски тим е целосно подготвен за учеството на Мундијалот во САД
ФИФА не го прифати барањето на Иран натпреварите наместо во САД да ги игра во Мексико / Reuters

Иран е целосно подготвен за учеството на својот национален фудбалски тим на Светското првенство на ФИФА во 2026 година во САД, изјави портпаролката на владата Фатемех Мохаџерани во среда.

Зборувајќи за државниот радиодифузер ИРИБ, Мохаџерани рече дека Министерството за млади и спорт ги обезбедило сите потребни подготовки за ефикасно учество на тимот на турнирот.

Таа додаде дека подготовките се направени по директива на министерката за спорт, со фокус на обезбедување на потребните услови за успешен настап.

Ова е пресврт во случајот откако Техеран им забрани на спортските екипи и национални тимови да настапуваат на меѓународна сцена додека трае војната против Иран.

Одделно, Мохаџерани рече дека министерката за здравство известила дека 40.000 повредени лица биле лекувани бесплатно за време на она што таа го опиша како „трета наметната војна“.

Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи одмазднички напади од страна на Техеран врз американските средства и бази низ Блискиот Исток.

На 8 април беше објавен двонеделен прекин на огнот, по што следеа ретки директни разговори во Исламабад на 11 и 12 април, кои завршија без договор. Прекинот на огнот подоцна беше продолжен од САД, бидејќи дипломатските напори продолжуваат.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 16 април изјави дека се очекува Иран да учествува на претстојното Светско првенство, закажано за 11 јуни до 19 јули, истакнувајќи дека тимот се квалификувал и изразил подготвеност да се натпреварува и покрај тековната ситуација.

ФИФА претходно соопшти дека не го прифатиле барањето на иранската фудбалска федерација натпреварите кои треба да ги игра во САД да ги премести во Мексико.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во март изјави дека иако тимот на Иран би бил добредојден на турнирот, тој праша дали би било соодветно да присуствуваат, наведувајќи загриженост за нивниот „живот и безбедност“.

Повеќе
Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал
Шефот на ФИФА вели дека Иран „сигурно“ ќе учествува на Светското првенство
Баерн и Арсенал последните полуфиналисти во Лигата на шампионите
Пирова победа на Барселона, Атлетико и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампиони
Мбапе се врати на тренинзите со Реал
Почина Душко Вујошевиќ, еден од најголемите кошаркарски тренери во регионот
Лига на шампиони: Реал го пречекува Баерн, Арсенал против Спортинг во Лисабон
Чеферин: Ако стадионите не бидат подготвени, нема да има ЕУРО во Италија
Пласманот на Босна и Херцеговина на Светското првенство 2026 се славеше и во Скопје
Познати сите 48 учесници на Светското фудбалско првенство
Македонските фудбалери поразени во Данска, Косово и БиХ остануваат во игра за пласман на Мундијалот
Иран им забрани на своите спортисти да патуваат во „непријателски земји“
Туркије на чекор до пласман на Мундијалот по победата против Романија
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска
Салах во јуни го напушта Ливерпул
Чешка: Десетици уапсени за местење фудбалски натпревари и корупција
Инфантино: Фудбалот е клучен во промовирањето на мирот, Мундијалот да се одржи според распоредот
Дебакл на Њукасл во Барселона, Галатасарај остана без четвртфинале во Лигата на шампионите
Реал, ПСЖ, Арсенал и Спортинг првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Иран преговора со ФИФА натпреварите од Мундијалот да ги игра во Мексико наместо во САД