САД евакуираа неколку американски летала од британската воздухопловна база „РАФ Милденхол“, откако беше пријавена закана од Иран. Сепак, американските официјални претставници сè уште немаат појаснето дали заканата била непосредна или од поопшт карактер.
Според податоците за следење на летови и извори запознаени со ситуацијата, два американски авиони-цистерни првично биле пренасочени кон Германија, додека неколку други летала подоцна биле преместени и на други локации.
Американските воздухопловни сили одбија да ги коментираат конкретните преместувања, наведувајќи само дека американските летала редовно се преместуваат меѓу различни бази од оперативни причини.
Белата куќа упати прашањата да се адресираат до Пентагон.
Овој потег уследи по слична одлука донесена минатиот месец, кога Пентагон ги повлече бомбардерите „Б-1“ од базата „РАФ Ферфорд“, поради загриженост за наводен заговор, зад кој стои Иран, насочен против американски пилоти и летала, при што би се користеле дронови и други методи.
Иран предупреди дека каков било воен напад од страна на САД врз него би можел да предизвика одмазда што ќе се прошири далеку надвор од границите на Блискиот Исток.

























