Калас: Во трговските војни сите ќе бидат губитници

„Јасно е дека сите овие царини ќе ги зголемат цените за потрошувачите“, рече Калас пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Полска

Калас: Во трговските војни сите ќе бидат губитници / AA

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас, изјави дека нема победници во трговските војни, откако САД објавија царини од 20 отсто за стоките од ЕУ.

„Јасно е дека сите овие царини ќе ги зголемат цените за потрошувачите“, рече Калас пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Полска.

Таа додаде дека ЕУ сега мора да размислува како да ја зајакне сопствената одбранбена индустрија.

„Во моментов купуваме многу од Американците, но треба да го диверзифицираме нашето портфолио за да имаме производствен капацитет кај нас“, рече таа, додавајќи дека блокот ќе бара оружје и од други сојузници.

„Европските земји веќе и доставуваат повеќе од половина од муницијата на Украина“, додаде таа, но повика на побрза акција за поддршка на Киев.

Калас додаде дека очекува земјите-членки на НАТО да објават поголема краткорочна помош за Украина на состанокот на министрите за одбрана.

Колку се посилни на бојното поле, толку посилни се на преговарачката маса“, заклучи Калас.