САД и Саудиска Арабија со заеднички воени вежби во пустинскиот регион на Калифорнија

Зедничките вежби „Квинси-1“ имаат за цел „да ја зголемат оперативната подготвеност, да разменат експертиза и да ја зајакнат интеграцијата во спроведувањето заеднички операции во различни борбени средини“.

By
САД и Саудиска Арабија започнаа заеднички воени вежби во пустинскиот регион на Калифорнија / AA

Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија започнаа заеднички воени вежби во воената база Форт Ирвин во Калифорнија, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.

Министерството соопшти дека заедничките вежби „Квинси-1“ имаат за цел „да ја зголемат оперативната подготвеност, да разменат експертиза и да ја зајакнат интеграцијата во спроведувањето заеднички операции во различни борбени средини“.

Министерството не го прецизираше времетраењето на вежбите, ниту бројот на учесници.

Националниот центар за обука Форт Ирвин е главна зона за обука на американската војска, и се протега на околу 3.108 квадратни километри во пустината Мохаве во Калифорнија.