| Macedonian
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн
Истражителите ќе проценат дали провизиите наплатени за продажба во „Плејстејшн продавницата“ биле прекумерни и довеле до тоа дигиталните верзии на игрите да се продаваат по повисоки цени од физичките копии
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн / AFP (Wire)

Одборот за конкуренција на Турција отвори истрага против „Сони“ во врска со дистрибуцијата и продажбата на дигитални игри и содржини во игрите за конзолите „Плејстејшн“.

Истрагата ќе испита дали „Сони Интерактив Ентертејнмент“, „Сони Интерактив Ентертејнмент Европа“, „Сони Интерактив Ентертејнмент Нетворк Европа “ и „Сони Евроазија Пазарлама АС“, заедно познати под брендот „Сони“, го прекршиле Законот за заштита на конкуренцијата со наметнување исклучувачки или експлоататорски услови.

Според соопштението објавено од Турската управа за конкуренција, истрагата е покрената врз основа на одлука на одборот од 15 октомври, со број 26-38/1023-M.

„Сони“ ги произведува конзолите „Плејстејшн“, додека дигиталните игри и содржините што се доплаќаат во игрите компатибилни со конзолите се дистрибуираат и продаваат исклучиво преку онлајн продавницата на компанијата.

Истражителите ќе проценат дали провизиите наплатени за продажба во „Плејстејшн продавницата“ биле прекумерни и довеле до тоа дигиталните верзии на игрите да се продаваат по повисоки цени од физичките копии.

Тие исто така ќе испитаат дали „Сони“ спречил продажба на дигитални игри и содржина во играта преку други канали, со што ги исклучил конкурентите, и дали ги спречил програмерите и издавачите да ги информираат потрошувачите за алтернативни канали за продажба и опции со пониски цени.

Отворањето истрага не значи дека е утврдено дека Сони го прекршил законот или дека ќе се соочи со казни.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Кац: Може да заземеме дополнителни територии во Газа, Либан и Сирија