Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран
Експлозија се слушнала во близина на нуклеарниот погон Исфахан и воздухопловната база во централен Иран, објави попладнево новинската агенција Тасним
Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран / AP
Експлозија се слушнала во близина на нуклеарниот погон Исфахан и воздухопловната база во централен Иран, објави попладнево новинската агенција Тасним.
Иранските власти засега не издадоа официјално соопштение за инцидентот.
САД и Израел започнаа голем напад врз Иран во саботата, при што загинаа неколку високи ирански лидери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон регионалните земји каде што се наоѓаат американски средства.