| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Во Битола комеморативна церемонија по повод годишнината од дипломирањето на Ататурк во
„Северна Македонија е неопходен елемент за траен мир и стабилност на Балканот“
Во Битола комеморативна церемонија по повод годишнината од дипломирањето на Ататурк во
Во Битола комеморативна церемонија по повод годишнината од дипломирањето на Ататурк / AA

Во Битола на 13 март беше организирана комеморативна церемонија по повод 127-годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битолската воена школа.

На церемонијата одржана во поранешната воена школа, која денес функционира како Музеј на град Битола, присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, заменик-генералниот директор за управни служби во Министерството за национална одбрана на Туркије, бригаден генерал Рамазан Топер, командантот за обука и доктрина на Армијата на Северна Македонија, бригаден генерал Љулзим Нуредини, заменик-министерот за одбрана на Северна Македонија, Адмир Шабани, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и политичари, пратеници, претставници на турски институции и организации во земјата и други гости.

Церемонијата започна со едноминутно молчење во чест на Ататурк и неговите соборци, како и со интонирање на националните химни на двете земји.

Во своето обраќање, амбасадорот Улусој рече: „Битола има важно место во заедничката историја на нашите народи, кои со векови живееле заедно, како и во историјата на нашето пријателство и братство“.

Тој нагласи дека Битола, град кој зазема посебно место во политичкиот, економскиот, историскиот и културниот живот на Северна Македонија, била домаќин на Воената школа.

„Овие простори каде што се образувал и ја дишел богатата културна атмосфера основачот на нашата Република, Ататурк, се и татковина на турската заедница во Македонија, која претставува мост на пријателство меѓу нашите земји. Горди сме што нашата длабока историја и заедничка култура претставуваат извор на богатство за нашите народи. Цврсто верувам дека Ататурк ќе продолжи да биде извор на инспирација за турската заедница во Македонија и за младите тука“, додаде Улусој.

„Северна Македонија е неопходен елемент за траен мир и стабилност на Балканот“

Од своја страна, Топер изјави дека денес не се одбележува само едно дипломирање, туку почетокот на една голема судбина. Тој нагласи дека образованието што младиот Мустафа Кемал го добил во Битолската воена школа – една од западните порти на Османлиската Империја во 19 век – од тогашните истакнати професори, имало големо влијание врз формирањето на неговата национална и историска свест.

Топер истакна и дека Туркије ја смета Северна Македонија за пријателски и доверлив партнер за соработка и верува дека таа е неопходен елемент за траен мир и стабилност на Балканот.

„Без сомнение, во создавањето на силните врски меѓу двете земји многу голема улога има основачот на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк. Затоа целосно веруваме дека церемонијата организирана во Битолската воена школа, каде што тој дипломирал, како и овој историски објект, се меѓу факторите што го зајакнуваат пријателството и соработката меѓу Туркије и Северна Македонија“, рече тој.

„Пријателството Туркије – Северна Македонија продолжува да се зајакнува“

Топер нагласи дека турско-македонското пријателство значително придонесува за мирот и стабилноста во регионот.

„Пријателството и односите меѓу Туркије и Северна Македонија, што се потпираат на заедничката историја и минато, продолжуваат да се зајакнуваат на непоколеблив начин со меѓусебна доверба кон иднината“, рече тој.

Од друга страна, Нуредини истакна дека Битола е град со длабока историја и богато културно наследство, додавајќи дека токму во овој град Мустафа Кемал Ататурк ги поставил темелите на знаењето, дисциплината и вредностите.

„Ататурк ги стекнал знаењата, дисциплината, вредностите што го изградиле како лидер со визија, лидер кој не само што ја водел својата нација во тешки времиња, туку и ги поставил темелите за модерна и силна држава“, изјави тој.

По говорите, гостите ја посетија спомен-собата на Ататурк и се потпишаа во книгата на спомени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЦЕНТКОМ: Трамп информиран за потенцијалните опции за „последен удар“ врз Иран
Санчез:Израелскиот напад врз флотилата е кршење на меѓународното право, ја повикувам ЕУ да дејствувa
Средба Грлиќ Радман – Муцунски: Загреб ја потврди поддршката за европскиот пат на Скопје
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита