| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП
Безбедносната состојба е стабилна, можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, повеќе тука мислам на цената на енергенсите на нафтата и гасот, повеќе на нафтата бидејќи ние немаме премногу голема зависност за гасот, рече премиерот
Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП
Треба да се напомене дека номиналниот БДП во 2025 година порасна за 8,2 - 8,3%, што е историски рекорд за македонската економија, рече Мицкоски / Others
5 март 2026

Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ (БДП) кој расте за 3,5% во просек, во последните два квартала од 2025 година, реалниот БДП порсна за 3,8%, изјави премиерот Христијан Мицкоски додавајќи дека владините политики даваат резултати.

Според него, опозицијата често се исмеваат кога го зборува ова, но, како што нагласува, факт е дека во четвртиот квартал, според податоците објавени од Евростат, реалниот раст на македонскиот бруто домашен производ е во првите три во Европа.

„Ако се вратиме пред неколку години наназад, тогаш ќе дојдеме до констатација дека тогаш бевме на дното во регионот. Сега сме, да речеме пред соседите, ако Бугарија во четвртиот квартал бележеше раст од 3,2%, Хрватска 3,6%, Србија 2,2%, Грција околу 2%, ние сме со 3,8% лидери во регионот. И повторно ќе излезат оние ботови од опозицијата и повторно ќе го исмеваат ова што ќе го кажам. Но, тие нека се исмеваат, а ние ќе продолжиме да поддржуваме вакви успешни приказни кои контрибуираат во бруто домашниот производ, рече премиерот.

Тој истакна дека 2024 година ја завршивме со реален раст на годишно ниво од 3%, 2025 година ја завршуваме со реален раст од 3,5%, за следната, односно за оваа 2026 година, очекува растот да се движи меѓу 3,5 и 4 проценти.

„Да имаме еден континуиран раст, во услови кога европскиот раст е некаде околу 0,5 - 0,6%. Тоа значи дека економијата е консолидирана и политиките коишто ги води оваа Влада, фискалната консолидација, но и буџетското консолидирање на буџетскиот дефицит, вродуваат со плод. Од една страна имаме политика којашто внимава, не троши премногу, но тоа што го троши, го троши таргетирано, со цел и таа цел вродува со плод, еве резултатот од таквата политика е овој пораст“, вели Мицкоски.

Премиерот додаде дека номиналниот БДП во 2025 година пораснал за 8,2 - 8,3%, нешто што претставува историски рекорд за македонската економија.

„Наша цел како Влада, беше номиналниот БДП на крајот од мандатот, тоа е 2028 година, од оваа Влада да натфрли 20 милијарди долари. Тие 20 милијарди долари ги натфрливме после година и половина во 2025 година. Според ММФ за 2026 година, номиналниот БДП за македонските граѓани е поставен на ниво од нешто повеќе од дваесет и една милијарда долари. Според куповната моќ во 2026 година, Меѓународниот монетарен фонд ни предвидува дека по глава на жител ќе се движиме меѓу 31 и 32 илјади долари. Се приближуваме до Црна Гора и Србија, далеку сме понапред од, да речеме Албанија, Косово, Молдавија и останатите земји, Грузија, Белорусија и така натаму. Нашата цел е да ги поминеме и овие други две земји коишто се од Западен Балкан 6 групата. И да одиме и чекор понатаму, односно да полека ги стигнеме земјите како што се членките на ЕУ, Бугарија, Романија и така натам“, рече Мицкоски.

Премиерот, исто така, изјави дека до овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата.

„Ние имавме Совет за безбедност, кој го организираше претседателката врз основа на информациите коишто ги добивме и од службите но и од соодветните министерства, тука пред се мислам на министерствата за одбрана и за внатрешни работи и врз основа на тие податоци во овој момент можам да кажам дека безбедносната состојба е стабилна. Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, повеќе тука мислам на цената на енергенсите на нафтата и гасот, повеќе на нафтата бидејќи ние немаме премногу голема зависност за гасот.

Повеќе
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Христијаните го слават празникот Велигден
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Сиљановска-Давкова: Во одредени сегменти сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
САД најавија техничка и финансиска помош од 5 милиони долари за јакнење на кибербезбедноста
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
7 април - Светски ден на здравјето 2026
„Заедно за здравје. Бидете на страната на науката “
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95