| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Зеленски: Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат
Зеленски во објава на Фејсбук изјави дека со британскиот премиер Кир Стармер разговарал за потребата од постигнување праведен и достоинствен мир за Украина
Зеленски: Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат
Стармер ја повтори поддршката на Велика Британија за Украина и украинскиот народ / Reuters

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во Ереван за време на средбата со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат за завршување на војната.

Зеленски во објава на Фејсбук изјави дека со Стармер разговарал за потребата од постигнување праведен и достоинствен мир за Украина.

„Ние во Украина ги цениме сите чекори што ги презеде Велика Британија за поддршка на нашиот народ и ослабување на агресорот, особено во борбата против руската флота во сенка“, рече Зеленски.

Тој рече дека со Стармер разговарал и за поддршката на енергетскиот сектор на Украина.

Зеленски, исто така, ѝ се заблагодари на Велика Британија за обуката на украински војници.

Тој особено му се заблагодари на британскиот крал Чарлс III за неговите зборови за поддршка на Украина за време на неодамнешниот говор пред Конгресот на САД.

Стармер ја повтори поддршката на Велика Британија за Украина и украинскиот народ и го изрази своето почитување за непоколебливата храброст на војниците на фронтот и цивилите.

Зеленски е во Ереван за да учествува на 8. самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), кој започнува денес и ги собира лидерите на 48 земји, а со него ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан.

Повеќе
Иран го добил и го разгледува одговорот на САД на мировниот мпредлогот од 14 точки
Трамп: Предлогот на Иран е неприфатлив, Израел не би постоел без мене и Нетанјаху
Зеленски: Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат
Израелски снајперски куршум погоди палестинската невеста во Газа, неколку дена пред свадбата
САД го почнуваат Проектот Слобода за придружба на неутрални бродови од Ормускиот теснец
Ердоган разговараше со ирачкиот мандатар за премиер Ал-Заиди
Како противењето на Ватикан ја менува глобалната динамика на војната во Иран
Обликот на водата: Што ја прави Мугла во Туркије вредна за патување?
Новата израелска партија ветува промени, но нема намалување на жестокоста против Палестинците
Дали војната меѓу САД и Иран ги доближува Москва и Техеран до воен сојуз?
„Никогаш не помислив дека ќе го видам овој ден“: Во Сирија првото судење на тираните од ерата на Аса
ЕУ ги суспендираше парите од Планот за раст кон Србија поради застој во судските реформи
Вучиќ: Србија ќе се противи на влезот на Косово во НАТО
Во Скопје се одржа протест по повод Меѓународниот ден на трудот
Денеска се очекува враќањето на турските и некои граѓани на други земји од флотилата „Сумуд”