| Macedonian
ТУРКИЈЕ
4 мин читање
Мост на иновации од Дигиталпарк Технокент кон Балканот
Дигиталпарк Технокент е основан како заедничка иницијатива на Универзитетот Реџеп Таип Ердоган и Турско-германскиот Универзитет, со одлука на претседателството на Република Туркије во 2019 година, а започна со работа во 2020 година
Мост на иновации од Дигиталпарк Технокент кон Балканот
Мост на иновации од Дигиталпарк Технокент кон Балканот / Other
пред 11 часа

Еден од силните технолошки и иновациски центри во Турција, Дигиталпарк Технокент (Dijitalpark Teknokent), ги интензивира своите меѓународни активности со цел да ја зајакне својата позиција на глобалните пазари и да го зголеми своето влијание во меѓународниот претприемачки екосистем. Во таа насока беше потпишан стратешки договор за соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет (IBU), со седиште во Северна Македонија, насочен кон зајакнување на претприемачкиот екосистем во Европа и на Балканот.

Потпишан договор за соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет

Дижиталпарк Технокент потпиша протокол за соработка со Инокс Иновацискиот Центар (INNOX Innovation Center) , кој функционира во рамките на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, главниот град на Северна Македонија. Договорот беше потпишан во кампусот на Дигиталпарк Технокент во Аташехир, од страна на генералниот директор на Дигиталпарк Технокент, проф. д-р Тахсин Енгин, и претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански Универзитет, доц. д-р Билал Суџубаши.

Регионална акцелераторска програма „Bridge To Balkans (B2B)“

Инокс Иновацискиот Центар (INNOX Innovation Center), основан од Меѓународниот Балкански Универзитет во Северна Македонија, има улога на мост меѓу Балканот, Европа и глобалните иновациски екосистеми. Во рамките на потпишаниот договор ќе се реализира регионалната акцелераторска програма „Bridge To Balkans (B2B)”.

Програмата има за цел да ги обедини претприемачите, менторите и инвеститорите од Туркије и Балканот, создавајќи нови можности иновативните идеи да се пласираат на регионалните и глобалните пазари.

Поддршка за претприемачите во Инокс Иновацискиот Центар

Со оваа соработка со Инокс Иновацискиот Центар (INNOX Innovation Center) се очекува зајакнување на претприемачкиот и иновацискиот екосистем на релација Туркије – Северна Македонија – Балкан, зголемување на меѓународните врски на стартап-компаниите и поттикнување на можностите за развој на бизнисот.

Во рамките на иницијативата ќе се реализираат:

  • акцелераторски програми за претприемачи

  • обуки и менторски програми

  • екосистемски средби и настани за вмрежување

  • активности за меѓународен развој на бизнисот

  • учество во проекти финансирани од ЕУ

  • поддршка за стартапи во областа на дигиталната трансформација и вештачката интелигенција

  • заеднички активности за промоција и комуникација

„Bridge To Balkans (B2B)“ ќе стане мост на иновации и технологии

Генералниот директор на Дигиталпарк Технокент, проф. д-р Тахсин Енгин, за програмата изјави:

„Инокс ќе има важна улога како мост меѓу Балканот и европските, односно глобалните иновациски екосистеми. Со програмата ‘Bridge To Balkans (B2B)’ имаме цел да изградиме силен технолошки и иновациски мост меѓу Туркије и Балканот. Додека им помагаме на турските претприемачи да се пробијат на глобалните пазари, истовремено сакаме да воспоставиме и посилни врски со претприемачкиот екосистем на Балканот. Нашето знаење и искуство стекнато во Туркије сакаме да го споиме со потенцијалот на Балканот и на тој начин да придонесеме кон развојот на екосистемот во регионот.“

Скопје ќе стане регионален центар за претприемништво

Претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански Универзитет, доц. д-р Билал Суџубаши, за соработката изјави:

„Со знаењето и искуството што го стекнавме во нашата земја направивме чекор напред и го пренесовме во Северна Македонија. Во Инокс Иновацискиот Центар (INNOX Innovation Center), кој се наоѓа во центарот на Скопје и располага со простор од илјада квадратни метри, ќе обезбедиме работни простори и coworking услуги за претприемачи и инвеститори од Туркије и од целиот свет. Нашата цел е да ги идентификуваме и поврземе претприемачите од Балканот и да придонесеме кон создавање нови стартапи и инвестиции. Со активностите што ги спроведуваме, Скопје ќе стане еден од важните центри на претприемачкиот екосистем во регионот.“

Инокс Иновацискиот Центар (INNOX Innovation Center), лоциран во центарот на Скопје, располага со простор од илјада квадратни метри и нуди заеднички работни простории, приватни канцеларии, сали за состаноци и простори за настани. Благодарение на партнерствата со универзитети, финансиски институции, компании, меѓународни мрежи и технолошки паркови, Инокс има за цел да изгради силен мост меѓу Балканот, Европа и глобалниот иновациски екосистем.

За Дигиталпарк Текнокент

Дигиталпарк Технокент е основан како заедничка иницијатива на Универзитетот Реџеп Таип Ердоган и Турско-германскиот Универзитет, со одлука на претседателството на Република Туркије во 2019 година, а започна со работа во 2020 година.

Со кампуси во Истанбул Чекмекој, Истанбул Аташехир и Ризе, технопаркот е дом на повеќе од 350 компании и над 4.000 вработени, кои работат на технолошки стартапи и истражувачко-развојни проекти.

Фокусирајќи се на претприемништвото, истражувањето и развојот и соработката меѓу универзитетите и индустријата, Дигиталпарк Технокент поддржува развој на иновативни проекти, особено во областите финтек, вештачка интелигенција и дип-тек технологии.

На меѓународно ниво, технопаркот нуди услуги за компании и во Лондон, а преку програмите насочени кон Балканот со центар во Скопје има за цел да им помогне на стартапите да се позиционираат на глобалните пазари.

Повеќе
Кина не ги одобрува нападите врз цивилите и земјите  од Персискиот Залив
Франција тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Либан, ќе испрати 60 тони залихи
Два танкери погодени во Ормускиот залив, не е познато кој ги испалил проектилите
Индискиот највисок суд дозволи прва смрт со пасивна еутаназија
Уништени 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец
Војната на Блискиот Исток нема да го попречи преземањето на НИС
Белата куќа негира дека американската морнарица придружувала танкер низ Ормускиот теснец
Најмалку 16 загинати лица во новите израелски напади низ Либан
Ердоган ја поздравува Туркије како модел на верска слобода, предупредува против исламофобијата
Виткоф: Ќе и веруваме на Русија  дека не споделува разузнавачки податоци со Иран
Гутереш ќе отпатува во Туркије по повод светиот муслимански месец Рамазан
Ердоган до Зеленски: Конфликтот во Иран да не биде пречка за мировните преговори за Украина
Османи: Администрацијата на Трамп најмногу го поддржува Косово од прогласувањето на независноста
Русија и Украина тврдат дека добиле територијални добивки во регионите Донецк и Дњепропетровск
Трамп не вердува дека новиот врховен лидер на Иран може да живее во мир